МАЛКУ ПАРИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:49:"Кајсибе,датигонасадам?

    1 Го читав соопштението од средбата меѓу Бранко Црвенковски и Али Ахмети. Речникот беше како да се сретнале лидери на две држави. Дури во Мала Речица ставиле и македонско знаме во чест на Бранко. А Али Ахмети му честиташе на храброста како прв македонски политичар што се осмелил да дојде во Мала Речица. Што, толку ли е страшно таму? Или Бранко веќе нема што да ризикува. Па оди на с или ништо.
    Па сега излегоа приказни дека опозицијата, со помош на ДУИ, ќе изгласа недоверба на Владата и ќе прави преодна влада која ќе го реши проблемот со името. И во СДСМ уште се убедени дека Груевски сериозно се замислил за овој радикален план на Бранко. За кој не сме сигурни дека Ахмети би го прифатил ако не добие амин од странските администратори.
    Така што, барем засега, приказната изгледа како онаа што на Бранко му е мило, тоа му се сонило. Иако, не се сомневам дека барем за интриги уште му нема рамен партнер во Македонија. Само тоа може и да понуди.

    2 Од сите овие драматични превирања во левицата, победник е само Радмила Шеќеринска. Таа изјави дека на 7 декември, ако не добиеме датум за преговори, нема да се самозапали.
    Освен ако Бранко не реши да ја потпали, ако продолжи да ги игнорира соопштенијата на СДСМ и да оди на дебатите на Демос.

    3 Директорот на новата Државна лотарија Јован Силјановски најави дека од Нова година, по речиси три години пауза, повторно ќе има лото, бинго и грепки за среќа.
    Кога новинарите го прашаа колку пари државата потрошила за новата лотарија, Силјановски одговори: “Многу малку, и тоа го држам како тајна, оти ќе ве разочарам колку е мала сумата”.
    Колку е тоа малку? Што значи тоа многу или малку кога се работи за државни пари. Ние не го прашавме колку пари потрошил од неговата плата. Го прашавме колку пари потрошил од државниот Буџет. И зошто, на пример, јас како даночен обврзник би бил разочаран ако државата потрошила “многу малку” од моите пари. Треба да сум среќен.
    Силјановски не објасни дали во тие “малку пари” се пресметани и 8 до 10 милиони евра кои државата ги изгуби затоа што пред повеќе од две години не ги продолжи лиценците на тогашната Лотарија на Македонија. Само од надоместот за лиценците и од персоналните даноци на добитниците на игрите на среќа, државниот Буџет остана покус за 4 до 5 милиони евра годишно.
    Кој ли министер за финансии сега треба да го шетаат со лисици на рацете, под сомнение дека ја “злоупотребил службената должност и овластувања”. Знаел дека државата не е подготвена да организира лотарија, а не ги продолжил лиценците кои носеле пари во Буџетот. Значи свесно го оштетил Буџетот за 8 до 10 милиони евра.
    Ако се тоа “малку пари” за кои е срамота да се зборува, тогаш стварно ќе н разочараат.

    4 Директорката на Комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска на завчерашниот црковен собор во Скопје рече: “Некои печатени медиуми наведуваат дека МПЦ е одвоена од државата со Уставот. А што ќе беше ако не беше МПЦ, и затоа велам дека с што ќе биде активност на МПЦ, државата ќе стои зад неа”.
    Драга поранешна пратеничке Божиновска. Тој “некој печатен медиум” кој наведува дека МПЦ е одвоена од државата се вика Устав на Република Македонија. И засега тоа е највлијателниот печатен медиум во државата. А тоа што Божиновска ветува дека зад секоја активност на МПЦ државата ќе стои зад неа, нека го каже на суд. На следното рочиште за криминалот во “Изгрев”.
    Случајот “Изгрев”, како “нечие зајдисонце” го спомена и поглаварот г.г. Стефан, кој се пожали дека МПЦ за некои с уште е забавно катче и цел за отстрел.
    Ако сака МПЦ за неа да не важат земските закони, тогаш нека не прави и земски гревови.

    5 На сите национални телевизии во регионот одеше директен пренос од прославата на 20годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид. Само кај нас таа светска вест не се избори за термин. Дури ни на јавниот сервис Македонската телевизија. Не можеше да дојде на ред од разните преживеани, сменети жени, фарми и големи браќа.
    И после ќе се жалиме дека за изолацијата ни се виновни Белград и Југославија.
    Впрочем, што ќе ни е нам пренос од Берлин? Тоа е светски настан. Зошто нас тоа би н интересирало?

    6 Јас паѓањето на Берлинскиот ѕид ќе го славам на 19 декември. Ако стварно ни ги укинат визите.
    Оти, во 1989 година, кога Германците го уриваа Ѕидот и се ослободуваше Источна Европа, јас уште две години потоа можев слободно да патувам и на Исток и на Запад. Две години по паѓањето на Ѕидот во Берлин, Европа крена нов ѕид кон Балканот. Фактот дека додека се радуваа за паѓањето на Ѕидот таму, нашиот ѕид не го ни споменаа, зборува за нивното лицемерие и себичност. Зошто изгубените генерации во ЕУ се повредни од изгубените генерации на Балканот?

    7 Вчера не работеа матичните лекари оти беше прогласен неработен ден. Се садеа дрва.
    Во оваа земја ако прогласиш неработен ден, и епидемијата запира. Не постои проблем што не може да се игнорира.

    8 Го знаете новиот македонски поздрав, инспириран од Денот на дрвото? Кај си бе, да ти го насадам? Со подваријанта: Кај си бе, да ти го поткопам?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира