НаТпис

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:166:"ОсвенпроблемотсотенискотоигралиштевоШишево,целанеделанитуеденпроблемнеерешен.

    1.   А што муабет правиме ние за судството, каква ли надеж имаме дека ќе доживееме нормална држава? На новинарско прашање на тркалезна маса дали токму Судскиот совет ја загрозил независноста на судиите, со оглед на тоа што чувме во прислушуваните разговори како поранешната претседателка Александра Зафировска и` го диктира списокот на кандидати за судии на секретарката на премиерот, претседателот на Советот Бранко Ушковски одговори: “Јас не би ги коментирал овие прашања, прво за заштита на интегритетот на споменатиот судија, а второ, за заштита на самите вас што го поставувате ова како прашање”.
    Другиот ден, претседателот на Судскиот совет, а тоа, да потсетиме е телото што ги оценува, ги избира и ги разрешува сите судии во државата, испрати соопштение во кое го искара “Вест” дека “наместо да објави дека за првпат се организира тркалезна маса за улогата на судскиот совет”, ние сме објавиле “содржини според своја перцепција и со спектакуларни наслови”. Боже, боже…
    Е па му се извинуваме на претседателот Ушковски. Не сме знаеле дека и судиите треба да ни кажат што треба да објавиме. Видиш, ние сме мислеле и дека кога одиме на некој настан отворен за јавноста, смееме и да прашуваме. Па за разлика од другите медиуми кои објавиле дека има некоја тркалезна маса, а Ушковски ги пофали дека биле објективни, ние сме сакале да прашаме уште нешто поврзано со актуелните случувања во судството и со темата на тркалезната маса. Па си рековме, кога веќе и Брисел и Вашингтон ги интересира таа тема до толку што нивните амбасадори цели ноќи не спијат за да ни ја решаваат политичката криза, си помисливме дека и ние би можеле да прашаме некој релевантен човек за тоа. Извинете, Ушковски, што помисливме дека вие сте тој релевантен извор. И извинете дека не сме требало да прашуваме. И извинете што не сме разбрале што треба да се објави, а што не од некој јавен настан, па со своја глава сме оцениле каков наслов да ставиме.
    Ако сака Ушковски да аплицира за уредник, можеби во мојата компанија ќе се ослободи некое место. Па ќе ги спаси сите судии од притисок. Ама дотогаш ќе мора да научи дека во весници се пишуваат написи, а не наТписи, како што стои во соопштението, објавено и на Интернет страницата на Судскиот совет. Кажете им на службите што ви го пишувале соопштението дека не реагираат на наТпис, туку на напис во “Вест”. Да појасниме. Напис е нешто што е напишано во весник, а натпис може да е надгробен натпис. Притоа никогаш не сме помислиле дека некој сака да каже дека независното судство во Македонија е погребано. Напротив. Тоа е веројатно резултат на нечија перцепција, од што би можел да произлезе спектакуларен наслов.

    2.   На истата трибина слушнавме и како судиите се жалат од медиумите дека им вршеле притисок. На пример, судијката Дијана Груевска – Илиевска, која го осуди новинарот Томислав Кежаровски на четири и пол години затвор, се пожали дека “притисокот од медиуми е најударен и најмногу смета”. А кој притисок помалку пречи? И кој е помалку ударен? На таа трибина не чувме дека судиите се пожалија дека некој друг им вршел притисок. Како што имавме прилика да чуеме во некои од прислушуваните разговори. А богами во тие разговори чувме како и тие им правеле притисок на политичарите за да ги стават за судии. Па и за колешки чувме како фаќале врски.
    Судијката Груевска – Илиевска рече дека е “многу непријатно кога со денови, со месеци, кога и да вклучите телевизор, кој весник и да го отворите, ќе си го прочитате името”. Е непријатно е. Ама не сум баш сигурен дека на Кежаровски му било попријатно во затворот. Можеби поради тој притисок, таа судијка му одредила само четири и пол години.
    Извинете судии, ама јас пак си мислев дека сме на иста страна. На страната на вистината и на правдата. И на јавниот интерес. И си мислев дека целиот овој аранжман за кој цел свет се покрена во Пржино и сите овие муабети за специјални обвинители е за да станеме нормална држава. Какви се тие глупости дека новинарите вршеле притисок, и тоа изречени од судии кои се дел од интелектуалната елита на секое општество? Па новинарите, по дефиниција, вршат притисок. Тоа им е работа. Нели во некои земји каде што медиумите објавуваат содржини по своја перцепција, како што паметно се изрази Ушковски, за новинарството велат дека е четврт столб на власта. Дека новинарите се седма сила. Дека се коректив на власта.
    Уф, заборавив. Кај нас новинарството не може да биде коректив на власта. Оти оваа власт е безгрешна.

    3.   Упорно се обидувам да најдам логика зошто во тимот на специјалниот обвинител се најде и обвинителката Лиле Стефанова, чиешто име го споменувавме во новинарските протести за ослободување на Кежаровски. И на транспаренти и` го стававме името. И во извештајот на Стејт департментот и во извештајот на Европската комисија, токму притворот на новинарот Кежаровски беше оценет како удар на правосудниот систем врз слободата на говорот во Македонија. Плус, истата обвинителка е помошник-обвинител во случајот “Пуч” и сè уште Судот во притвор го држи Верушевски, а токму тој случај сега треба да премине кај специјалниот обвинител. Што ако падне кај неа?
    Мораше ли баш обвинителката чии одлуки се контроверзни, да биде дел од тимот од кој сите ние имаме огромни очекувања? Зошто таа сега би се однесувала специјално?

    4.   Баш ми се допаѓа идејата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да си ги поделат местата во МРТВ и во Агенцијата за медиуми. Ќе заштедиме некој денар. Ние што не сме ни за СДСМ ни за ВМРО-ДПМНЕ нема да плаќаме радиодифузна такса. Нека си плаќаат само тие со членски книшки. И фирмите што си спонзорираат автобуси, митинзи, сендвичиња за партиите, нека си плаќаат радиодифузна такса. Другите ќе бидат ослободени.
    Како јавниот интерес ќе се подели на две половини? Па потоа двете половини на уште по две? Оти мора да има и за ДУИ и за ДПА. И тие се на масата на Ванхауте. И како ќе изгледаат вестите на јавниот сервис што, демек, го штитат јавниот интерес? Во 7 вести на СДСМ, во 10 вести на ВМРО-ДПМНЕ. Во 7 Груевски шета по селата и ги решава проблемите, во 10 Заев шета по селата и зборува за криминалот на Груевски. Другиот ден со сменет распоред. Баш ме интересира кои се тие уредници што ќе се нафатат да уредуваат такви вести. Малку ни е што се срамиме од овие што сега ги гледаме на МТВ, па дополнителен срам ќе ни предизвикуваат со нови кадри. Ај оставете ги таму нека си се радуваат на успесите за кои јавуваат. Кога така бесрамно сакаат да ни го претстават партискиот интерес како јавен, тогаш ич нека не глумат дека прават реформа.

    5.   И дај Груевски нека се врати од Америка. Ај телевизиите што немаат што да пуштаат на вести. Туку и проблемите на селата останаа нерешени. Освен проблемот со тениското игралиште во Шишево, цела недела ниту еден проблем не е решен.

    6.  Вицепремиерот Муса Џафери рече дека немало политичка волја за спроведување на Рамковниот договор. Тоа го вика политичарот што е на власт, со мала пауза од 2001 година, па сè до денеска.
    За Рамковниот немало политичка волја. А за крадење политичка волја најдоа. Или тоа не е политичка. Тоа е исконска волја.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари