ОПЕРАЦИЈА “ВАТИКАН”

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:164:"СоблагословнапапатаМакедонцитевоХрватскаќеправаткултурнаипросветнаавтономија

    1. Според секогаш добро известените извори на НИП “Слободанка”, на територијата на Македонија веќе почна операцијата “Ватикан”. Новинарот-истражувач на “Политика експрес” Александар Писарев откри дека “челниците во македонската држава” и “врховништвото” на ВМРО имале конспиративни разговори во Хрватска, со единствена цел како во Павелиќевата НДХ да воспостават оска: Скопје-Загреб – против Белград”. Ажурниот дописник на “Мала Слободанка” од Скопје дознава и дека “со благослов на папата, Туѓман им дозволил божиќно собирање и прослава на празниците на сите Македонци во Хрватска”.
    Операцијата “Ватикан”, барем како што може да се претпостави, се одвива во две насоки. Првата е создавање на културна и просветна автономија на Македонците во Хрватска. Втората, пак, има за цел прогонство на Србите од Македонија. Тоа според “Мала Слободанка” не е никакво чудо, затоа што и на Хрватска и на Македонија гледиштата им се идентични кога е во прашање укинувањето на културно-просветната автономија и прогонството на Срби­те”.
    Прогонетите Срби ќе се засолнуваат во манастирот “Прохор Пчински”. За исхраната не треба да се грижат, бидејќи српската црква ќе им сервира храна во музејските простории на АСНОМ. Така директно ќе влезат во историјата како вечно напатен и прогонуван народ.

    2. На хрватско-македонската “завера против кралот” остро реагираше и СК – Движење за Југославија. Истурените одреди што се нарекуваат Коорди­национен одбор за Македонија протестираа со писмо што до “Нова Македонија” беше испратено на – српскохрватски јазик, што е мошне автентично толкување дадено директно од теренот. На тој начин најверодостојно се изразува загриженоста за иднината на Македонија, посебно за нејзиниот јазик.
    Во меѓувреме, покрај Драгиша – првиот генерал на СК-ДЈ, во централата во Белград стигна уште еден проверен кадар на црвено Куманово. Методи Петровски може мирно да спие, зашто стана професионален секретар на Сојузот на социјалистичките партии на Југославија, составен од партиите од три републики. Тоа ѝ дава целосен легитимитет на неговата борба за социјалис­тичка Југославија. И му овозможува да си го каже своето квалификувано мисле­ње при изборот на членови на Претседателството на СФРЈ. Нека му ја мисли Стипе Месиќ доколку Петровски реши да побара ревизија на неговиот избор, зашто за него не расправал Фронтот.

    3. Во исто време додека Петровски фрла сидро во Белград, бродот на Киро Поповски сé повеќе се ниша. Таман од немајкаде направи партија и се престори во социјалист, што му беше единствен начин да ја задржи фотелјата, сега скопските фронтовци сакаат да го тргнат од кормилото.
    Тоа ќе биде вистинска штета. Киро има извонредни пратеници. На паример, Ѕинго се однесува како да е пратеник на Социјалистичката партија на Србија, па во македонското собрание упорно ја бранеше Србија со цитатите од изданијата на “Слободанка”. “Сите крадеа, па морале и тие”.

    4. Анте Марковиќ ја започна турнејата низ Југославија. Патува со “пегличка”. Во знак на протест што Туѓман ги укина царините на странските возила. Пре­миерот се “зезна” кога пред некој месец, додека уште важеа царин­ските прописи,  на ќерката ѝ купи “рено 5”. И тоа од Словенија, додека Словен­ците уште не беа отпатувале.
    Марковиќ со “пегличката” ќе се покаже како вистински заштитник на до­маш­ната автомобилска индустрија. “Застава” ги зголеми цените колку што девалвираше динарот. Така стана светска, па едно “југо” сега има посветска цена од “Нисан-дали сте гребеле денес”. Како на секоја светска кола, менувачот теш­ко ѝ влегува во рикверц. Затоа “Застава” оди само напред. Наместо пари, на белградски “Југопетрол” му ги плаќа долговите со автомобили. Така југо­словенски ориентираните купувачи на бензин на пумпите низ  Србија можат да си купат и некое “југо”. Со парите од примарната емисија на српската народна банка. И со обврзниците од заемот за препород.

    5. На следниот ЈУ-самит и Стојан Андов, за да не му избега возот од 10 и 30, ќе патува со “застава”. Доколку успее да избега од новинарите. Пушти радио – Стојан Андов, отвори весник – Стојан Андов, веќе ме фаќа страв да го отворам фри­­ж­идерот или машината за перење. И од таму ќе истрча – Стојан Андов.
    Кога презафатениот Андов се појави и на ТВ-екраните, колегите од Маке­донската телевизија од радост му пуштија конфети. Бидејќи студиото уште не е исчистено од новогодишната програма, се претпоставува дека и новоизбраните претставници на власт ќе бидат пречекани во празнично расположение. И со полни чаши – конфети.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари