ПОСТ­ТРА­У­МАТ­СКИ ШОК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:55:"Заморетоможатданисефатат.

    1 След­ни­от извештај на европратеникот Ричард Ховит ќе биде застарен. Ние со не­тр­пе­ние ги чекаме нивните извештаи за да ни кажат како ни е и што ќе ни се слу­чи, ама ако судиме според изјавите на известувачот за Македонија во Ев­ро­пар­ла­мен­тот, дадени пред неколку дена во Скопје, доцна Ховит пристигнал во Ма­ке­до­ни­ја.
    Тој вели дека “постои опасност оти во земјата е создадена атмосфера на при­ти­со­ци и страв”. Потоа вели дека пресудата за Кежаровски “може да придонесе за создавање култура на внимателност, дури и страв меѓу новинарите, уред­ни­ци­те и сопствениците”. И додава дека “тоа може да доведе до ограничување на ис­тра­жу­вач­ко­то новинарство и промовирање самоцензура во медиумите”.
    Не е баш така, господине Ховит. Опасноста за која зборувате, постоеше лани. Го­ди­на­ва ние веќе ја надживеавме опасноста од самоцензура, притисоци и страв. Сега сме во посттрауматски шок.
    За извештаи како овој на Ховит, ние во Македонија имаме една поговорка: Пос­ле свадба – тапани.

    2 Хо­вит даде рок до декември да се исполнат три задачи кои Македонија не ги ис­пол­ни­ла 22 години. Едната е политичкиот дијалог на власта со опозицијата. Вто­ри­от е “да се постигне видлив напредок на полето на слободата на из­ра­зу­ва­ње”, што и да значи тоа. И третиот е да се постигне договор за разликите со Бу­га­ри­ја кои, патем, постојат не 20 туку 120 години од формирањето на ВМРО.
    И тој знае, ама и ние веќе научивме дека нашите политички елити не ги сфаќаат се­ри­оз­но ни него, а ни неговите задачи. А богами ни ЕУ не се потресува многу.
    За­тоа веќе 22 години сите македонски власти имаат исто решение за проб­ле­ми­те кои ЕУ ни ги кажува во извештаите. Едноставно – ги игнорираат.

    3 Мно­гу убаво изгледа кога на реклама на Си-Ен-Ен ќе ја видиш Македонија ме­ѓу десетте топ-реформатори за отворање бизнис. Убаво звучи и министерот Став­ре­ски, кога објаснува што значи да бидеш меѓу првите десет на Дуинг биз­нис. Тоа значи дека во Македонија не е проблем да отвориш бизнис. Проб­лем е што ќе правиш со бизнисот откако ќе го отвориш.

    4 По повод најновиот извештај на Дуинг бизнис, на ТВ “Алфа”, на вестите одеше нај­а­ва “Македонија меѓу десетте топ-економии во светот”.
    Ако сме меѓу десетте топ-светски економии, зошто тогаш Македонија не учес­тву­ва на самитите на Г20? И таму ли Грција ставила вето? А богами и на Г8 ќе нe викаат како посматрачи. Русија е Г9, а ние ќе бидеме десетката.
    Тие самити на најразвиените земји се како измислени за премиерот Груевски. Ка­ко по правило, за време на овие самити, едниот ден е резервиран за средби во неформална облека. Тогаш им даваат на медиумите да ги сликаат лидерите без вратоврски, без костуми и левтерно облечени. Нашиот Груевски џем­пер­чи­ња за такви самити има колку сакаш. Еден услов за Г20 веќе имаме исполнето.

    5 Ми­нис­те­рот за финансии Зоран Ставрески рече дека во однос на ланскиот из­веш­тај за Дуинг бизнис сме имале незначително влошување за само три ин­ди­ка­то­ри. Еден од нив е прекуграничната трговија. Според Ставрески, тоа е затоа што Македонија не излегува на море.
    Да имавме море, немаше да имаме проблем само со пет соседи. Цел свет ќе ни се скараше. Овие што ги имаме ни бараат име, јазик, народ и територија. Ама за мо­ре­то можат да ни се фатат.

    6 СДСМ излезе со неколку предлози од програмата на новото раководство. И на­мес­то да продолжи со уште предлози и агресивно да излезе да објаснува што ну­ди за да дојде на власт, тие пак се фатија за најважното прашање – не со што, ту­ку како да дојдат на власт. Па се скараа дали популизмот бил најдобар инс­тру­мент, или не. И се направија парче по социјалните мрежи.
    Ма­ке­до­ни­ја е мала земја. Секој за секого сe знае. Цела среќа што никој за ни­ко­го нема ништо убаво да каже.

    7 Цел свет е потресен оти Американците ги прислушувале светските лидери. Кај нас сe уште не се појави информација дали ги прислушувале и нашите. Божем има потреба НСА и нашите да ги прислушува. Тоа е како сами себе да си се прис­лу­шу­ва­ат. И не ни требаат ни Викиликс ни Сноуден да откриеме што Аме­ри­кан­ци­те, а богами и другите мислат за нас. И онака сe пишува во извештаите што така нетрпеливо ги чекаме секои три месеци.

    8 Ко­мен­та­то­рот во ТВ-преносот од кошаркарскиот натпревар меѓу МЗТ и Пар­ти­зан во скопската сала “Борис Трајковски”, го понесе втората тројка на Костоски, ко­га МЗТ поведе со еден кош. Па егзалтирано викна: “Борис Трајковски се кре­на на нозе!”
    Из­гу­бив­ме од Партизан. Да победевме може и Филип Втори ќе се кренеше.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира