ПРИЈАТЕН ДЕН

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:47:"Лајкнисиданетелајкнат

    1. Се известуваат сите членки дека имаме задолжение да ги споделуваме и да лајкнуваме сè што е поврзано со конкретната ситуација. За многу години празникот.
    Оваа порака минатиот викенд беше испратена на Фејсбук групите на членови на владејачката партија. Арно ама, во тек беше прослава на Свети Трифун и на Свети Валентин, па кој зафатен со пиење, кој зафатен со љубов, не обрнал многу внимание на пораката. И членките не ставале доволно лајкови на Фејсбук. Затоа, после неколку часа следуваше нова порака со следната содржина: “Ми се чини дека не е разбрана задачата. Вашите активности ќе бидат следени и за нив се изработуваат дневни извештаи. Доколку не соработувате, ќе бидам приморана да постапам според инструкциите и да го пријавам вашето игнорирање на задачата. Ви посакувам пријатен ден”.
    Ако некој може да има пријатен ден по ваква порака, тогаш џабе му се бомбите на Заев. Груевски топ не го бие.

    2. Па и тие луѓе имаат достоинство. Или барем викенд ослободен од партиски активности. Па што ако ги примиле на работа? Веројатно кога ги примале на работа, ги примале за доброто на сите. Затоа што се квалитетни, затоа што биле потребни на тие работни места, затоа што ќе придонесат за развојот на државата. Не ги примале белки само за лајкови на Фејсбук да ставаат. Значи ли дека ако ги примиле на работа, треба цел живот робови да им бидат?
    Зошто прифаќаат да бидат робови? Нема ли некој што може да им рече: “Марш таму, ти ли ќе се правиш поголем ВМРО-вец од мене”. Оти убеден сум дека сигурно има поголеми ВМРО-вци меѓу тие што треба да постапат по инструкциите од тие што ги испраќаат инструкциите.
    Ај лајкни си сам. И ти да имаш пријатен ден.

    3. Новиот еврокомесар задолжен за соседски односи и за проширување на ЕУ Јоханес Хан првпат дојде во Македонија. Толку беше импресиониран од прошетките низ градилиштата по Скопје, како што го фатија уште од осум и пол сабајле со Ѓоле, вечерта остана без текст. Па дури следниот ден мораше во Приштина да си ги прибере мислите и да го срочи тоа што чекавме да го каже во Македонија. Дека кризата треба да се решава во институциите.
    Овие странциве мора да кажуваат вицови. Божем тоа институциите се нешто волшебно, нешто што ќе ги реши проблемите, независно од луѓето што ги раководат. И во кои институции? Во тие во кои седат луѓе од кои се чека да соработуваат според инструкциите за да имаат пријатен ден? Во Собранието, на пример. Во кое нема опозиција, а и кога ја имаше, ја избркаа на клоци кога не сакаше да гласа “за”. Во судовите?Кај судиите на кои им требаат уште десетина дена да изградат став за снимките на кои, наводно, министри и новинари местат пресуди. Што ќе расправаат судиите? Дали тој од Крушево што го спомнуваа министерката за внатрешни работи и градоначалникот на Прилеп е наш? Или од Народна?
    Како тоа функционира кога имаш пријатен ден во некоја државна институција. На пример, одиш на суд и викаш: “Судија, извинете, вие наш сте, или да почекам да се смени владата?”. Истото важи и за Катастар, на пример. Овој наш е? Да му вцртаме парцела? Да му легализираме земјиште или да му го земеме? Или во Фонд за здравство. Ова дете наше е, да му дадеме од заедничките пари за кои одвојувале и неговите родители, или да го пуштиме да умре.

    4. Во 2012 година и владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ сложно во Собранието изгласаа закон за следење на комуникациите, со кој се овозможи прислушувањето да стане толку лесно оти се симнаа сите ограничувања.
    Во тој парламентарен состав пратеници беа и некои членови од сегашното раководство на СДСМ. Тогаш не знаеја што гласаат? Или се надеваа дека тој закон добро ќе им дојде кога тие ќе дојдат на власт. За и тие да имаат пријатен ден.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари