СЛИКА УБАВА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:18:"Драгимои,";s:19:"smart_list_template";s:15:"td_smart_list_1

     

    За две недели, на 12 јануари 2016 година колумната „Сакам да кажам“ ќе прослави 25 години. Првата колумна беше објавена на 12 јануари 1991 година во Вечер, а од првата сабота по основањето на Вест, од 8 јули 2000 година ја пишував тука. Последната колумна излезе во „Вест“ минатата сабота.

    „Сакам да кажам“ нема да го слави 25 годишниот јубилеј во „Вест“. Такви се условите. Политичка криза е. Компанијата распиша оглас за главен уредник на весникот. Сите дванаесет уредници од сегашниот уреднички колегиум се пријавија на огласот. Повеќето се во редакцијата од првиот ден на весникот што го основав. Се пријавија сосе мотивациско писмо. И сосе слика. Оти такви се условите.  Политичка криза е.  На огласот се пријавив и јас. Сосе слика. Убава слика.

    Жал ми е што и покрај тоа што сопственици на компанијата се едни од најуспешните бизнисмени во земјава и во регионот, тие не успеаја да го заштитат весникот од политичката криза. Жал ми што и врвниот светски политичар Срѓан Керим, како еден од газдите и заштитно лице на успешната компанија МПМ не успеа да ги заштити јавниот интерес и „Вест“од политичката криза. Му посакувам повеќе успех во заштитата на светот од разни неправди и политичките кризи на местото за кое конкурираше во ОН.

    Секогаш сум кажувал дека колумната не е моја, туку е ваша. Белешките за неа се собирани во дружба со пријатели,низ муабет и дружење во редакцијата, со колеги од други медиуми, со моите најблиски дома, со читатели што ме препознавале по продавници и по кафеани, со минувачи на улица, со комшии… Затоа и сум и го дал името „Сакам да кажам“. И се додека вие имате што да кажете, колумната ќе постои.

    Муабетот продолжува. Вие останувате моја инспирација.

    Да сте ми живи и здрави.

    Горан

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари