СПЕЦИЈАЛНО ВОСПИТУВАЊЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:137:"Народштосијатепасвојатамладина,нетребадасегрижизасвојатаиднина

    1. Најнов начин за смирување на палавите деца, кога не сакаат да се приберат дома и да одат в кревет, е пред полноќ да им се пушта видео снимката на последната строга и драматична изјава на Борисав Јовиќ. На децата дејствува застрашувачки, а за родителите ептен смирувачки. Бидејќи, откако ќе ги извести дека отсега па натаму нивната судбина зависи од тоа што ќе реши Штабот на Врховната команда на оружените сили, сепак ќе ги утеши со милозвучните зборови, со кои на сите граѓани на Југославија им ја гарантира сигурноста и безбедноста. Но, не и на нивните деца.
    Таман Јовиќ се израдува дека, еве, конечно и во Југославија ќе почне граѓанска војна, а тој уште повеќе ќе порасне во очите на севишниот Слободан Милошевиќ како тенковска ѕвезда заштитничка – му го расипаа расположе­нието. А само пред петнаесетина дена во интервјуто за Танјуг, како проверен демократ и човек подготвен на компромиси и договори, се жалеше дека: “Некои решенијата ги ба­раат низ политиката на свршен чин и наметнување еднострани одлуки за целата југословенска заедница”. Сега Јовиќ нуди повеќестрани решенија – негови и на дел од армискиот врв. Само не може никако да сфати и да преболи зошто дури и воениот министер генералот Вељко Кадиевиќ му го сврти грбот. Веројатно гледа подалеку од неговиот врховен командант, па претпостави дека тенковите можат многу лесно да го свртат правецот на движење и од центарот на Белград повторно да се вратат кон Топчидер и Дедиње. Да го “заштитуваат” топлиот и сигурен дом на Слободан Милошевиќ.

    2. На тој начин Борисав Јовиќ веќе си обезбеди место во историјата. Негова предност е што нема да треба да се гради некој нов објект, или пак улица за да се овековечи со неговото име. Во Приштина веќе постои сала што се вика “Боро и Рамиз”. Легендата за старите добри партизански другари, кои заедно се бореа и загинаа во борбата против фашистичкиот окупатор, може да биде заменета со новокомпонирана, а името на салата да остане исто: “БОРО (Јовиќ) и РАМИЗ (Алија)”.

    3. Место во историјата се бара и за премиерот на српската влада Драгутин Зеленовиќ. И тој ги извади од памет луѓето кога пред Собранието на Србија бладаше во полусон дека одвај спречил некакви упади и терор врз српското население во Хрватска и Босна и Херцеговина. Два дена подоцна Секретаријатот за информирање на неговата влада соопшти дека Зеленовиќ кога зборувал за Столац не мислел на истоименото место што се наоѓа на територијата на Босна и Херцеговина. Бидејќи не објаснува за кој Столац се работи, изгледа дека српскиот премиер пред пратениците се жалел дека во непроспиената ноќ имал големи проблеми за да ја заштити својата Столица. Само што јавноста тоа не го разбира.

    4. Во деновите што го потресуваа Белград и Југославија поради оставката на Душан Митев(иќ), со теорија на специјално воспитување се прослави уште еден Душ(м)ан – Матковиќ, министер за индустрија во мамурната влада на Зеленовиќ. На митингот кај устието на Сава, што Социјалистичката партија на Србија го организираше за поддршка на Милошевиќ, тој на студентите собрани на Теразие ултимативно им се закани: “Доколку 12-те илјади студенти не сакаат да се разо­тидат, ние ќе тргнеме на нив!” Ревносниот министер сериозно го сфати повикот на сесрпскиот вожд Милошевиќ, што преку ТВ екраните повика на родителско-детска пресметка со тоа што бараше “од сите граѓани на Србија да придонесат во воспоставување на мирот и редот, на тој начин што според своите можности ќе им укажат помош на државните органи…” Народ што си ја тепа својата младина не треба да се грижи за својата иднина.

    5. За својата иднина не треба да се грижи ни Македонија, барем што се однесува до партијата Обединети Македонци. Нејзиниот претседател Ванчо Весков предлага економско и воено приближување на македонската држава со земјите на ЕЕЗ и НАТО и директно со Соединетите Американски Држави.
    Вечна дружба со САД бара и Партијата за демократски просперитет. Амери­кан­скиот амбасадор г. Ворен Цимерман го молат да ги заштити од повампи­ру­вање на комунизмот во Македонија.
    Овие сметки може да им ги замрси само новооснованата организација “Солунски атентатори” под покровителство на големобугарската националис­тичка организација ВМРО-СМД од Софија, чиј лидер е Димитар Гоцев. Од современите гемиџии ќе мора да се стресат и Американците. Првата цел на бомбашки напад ќе биде НАТО-базата “Криволак”.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари