СРАЗМЕРНО ТЕПАЊЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:225:"ДржаватаМакедонијамуебескрајноблагодарнанаАгимКрасниќиотинегималтретиралспецијалцитетолкуколкуштотребало

    1 Џабе Цеца се рекламираше како настан на деценијата. Само што си отиде, во Македонија светна нова звезда. Агим Красниќи од Скопје – заробеник од Кондово.
    Агим е многу фин човек. Плус за жалење. Четири години седи заробен во Кондово. Не и верува на македонската полиција. Не му верува на македонското судство. Но тоа не е толку страшно. Пострашно е што Агим не му верува ни на Али Ахмети.
    И бидејќи мора да му е многу здодевно тој мора да си најде занимација. Од хоби собира оружје. Не сакал војна. Ако морал пак ќе направел. И тоа не само во Кондово, туку и во други места во земјава, оти имало многу незадоволни. Сега му било полошо од порано.
    А зошто му е полошо кога Кондово влезе во Скопје.
    Агим се договорил со Ахмети во Кондово да не влегуваат специјалци. Арно ама, минатата недела влегле четворица. Ги фатиле, ги врзале со нивните лисици и ги однеле во планината. Ги тепале, ама не многу. “Не беа малтретирани колку што требаше да бидат во такви ситуации”, се исповедаше Агим Красниќи за “Дневник” пред неколку дена.
    Бандитите на Агим примениле сразмерно воздржана сила за специјалците. Државата Македонија му е бескрајно благодарна за тоа. Оти не ги малтретирал колку што требало во таква ситуација. Не кажаа дали патролата била со мешовит состав. Не знаеме дали тоа било мултиетничко, или еднонационално тепање.

    2 Полицајаците седат во кафеана со Красниќи. Заедно ручаат. Со нив доаѓаат и полицајците од ЕУ што ги тренираат нашите да работат по европски стандарди. Портпаролот на ЕУ Андеја Анџели рече: “Можам да ви потврдам дека имавме состаноци и водевме дискусии”.
    Портпаролот е Италијанец. И тој знае дека кога италијанската полиција оди да апси некој мафијаш на Сицилија, го наоѓаат во некоја траторија, или пицерија и си водат дискусија со него. Французите кога ловат криминалците заедно пијат вино со нив. Ги опиваат оти во виното е вистината. Шпанците кога ловат организирани банди организираат забава. Прво имаат состанок, па пијат сангрија и заедно одат на сиеста. Во Велика Британија кога ловат бандити поинаку се однесуваат. Заедно пијат во паб.
    Дури подоцна, ако ситуацијата ескалира и се закани дека ќе ги наруши меѓуетничките односи, европските полицајци преземаат други мерки спрема бандитите. Им го испраќаат Хавиер Солана.

    3 Бранко влезе во дипломатска офанзива. Ќе ги враќа Струшките вечери на поезијата во Струга.
    Сега му следи нова активност. Како да го врати и Бучко во Струга.

    4 На косовскиот премиер Рамуш Харадинај кој е обвинет за воени злосторства, судот во Хаг му дозволи да се брани од слобода.
    За Љубе Бошковски, гаранции дадоа две држави и не е сигурно дали ќе му биде дозволено да се брани од слобода.
    Протекторатот не само што воведува визи и царини, туку не тепа и во дипломатија.
    Ние ќе ги чекаме да влезат во ЕУ за да ја одбележиме границата.

    5 Советот на градот Скопје е блокиран. СДСМ сака да си биде опозиција и покрај тоа што даде поддршка за претседавачот на Советот. ВМРО-ДПМНЕ си се прогласи за опозиција оти не успеа својот кандидат да го изгласа за претседавач на Советот.
    Трифун Костовски е градоначалник кој беше избран како независен кандидат.
    Актерот Благоја Чоревски беше избран за претседавач на Советот, оти СДСМ сакаше да го зафркне ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да прифати друг кандидат освен свој човек.
    Наравоучение: Во иднина да не ви текне да гласате за некој што не е или ВМРО-ДПМНЕ, или СДСМ. И не им верувајте кога ви велат дека сакаат да направат нешто убаво за вас.

    6 Пред два дена објавивме приказна дека бебе починало во Гинеколошката клиника во Скопје оти се задушило од плачење. Несреќната мајка ги обвини медицинските сестри оти не презеле ништо кога новороденчето не престанувало со плачење цел ден.
    “Заќути мори ти, не си ти една тука…” и викале сестрите на родилката.
    Кога објавивме згодна женска во болничка униформа на насловна страница, Здружението на медицински сестри и акушерки уште другиот ден, иако бешесабота свика прес конференција на која го обвини ВЕСТ дека со порнографија ја валкаме униформата на нивната професија.
    Поминаа веќе два дена по објавувањето на потресната приказна на кривопаланчанката која за смртта на своето прво чедо ги обвинува само медицинските сестри.
    Дали прават фризури, дали се шминкаат, или немаат што да кажат истите тие на кои згодната полуразголена женска им беше навредлива за професијата, па уште немаат свикано прес конференција. Ако ништо друго барем да си ја одбранат колешката што родилката ја смета за највиновна за смртта на бебето, или барем да речат дека ќе го испитаат случајот.
    Ако згодна женска што им личела на порно звезда ставена на насловна ја валка униформата на професијата, кој ли ќе им ја испере ако навистина медицинска сестра оставила да умре новороденче од небрежност.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира