СУБВЕНЦИЈА ЗА КАТИЦА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:83:"Штоќенаправиштизаовазлоданесеповтори?

     

     1 Што убаво име му дало Специјалното обвинителство на неговата прва акција. Титаник.  Настанот буди морничави слики, ама изборот на името е хуморен. Нема спас. Бродот само што удри во санта мраз, водата почна да навлегува, патниците се во паника, а капетаните испратија повик за помош. На Титаник некој се спасил, ама некој и потонал.

    Ете, баш минатата недела Кејт Винслет, што ја играше главната улога во филмот заедно со Леонардо ди Каприо, изјави дека според сценариото нејзе и се чинело оти покрај неа и Леонардо можел да се спаси. Ама, го пуштила да се удави.

    По првите покренати истраги на Специјалното обвинителство сè уште не е отстранета опасноста на крајот капетаните да се спасат, а да се удават патниците. Оние човечињата што се држеа за рака и послушно си гласаа.

    Дури сега ќе фрчат кривични пријави за Катица Јанева и за нејзиниот тим. Како што тргнале, не е чудно наскоро на Интернет страницата на обвинителството на Зврлески да може да се отвори апликација со формулар за пополнување кривични пријави. И сето тоа да биде поддржано со нов проект на Владата: „Осмели се. Пријави ја и ти Катица. Оти, ти си Македонија.“  За успешна реализација на проектот Владата ќе дава субвенции за секој пополнет формулар. И на почетокот на секој месец, како и за сите субвенции, министерот Зоран Ставрески ќе се фали дека и субвенциите за кривичните против Катица Министерството за финансии ги исплатило навреме, благодарение на успешните политики на Владата на Република Македонија.

    2 На Власта и остана само уште една недела за да глуми демократија. Проектот „По еден опозиционер во секоја наша телевизија“ треба да се покаже успешен до 20 февруари, кога САД и ЕУ рекоа дека ќе оценат дали во Македонија се создадени услови за избори на кои сите ќе учествуваат и  чии резултати сите ќе ги признаат. Во следните неколку дена мора да се покаже дека во Македонија има слобода на говор. И дека и опозицијата има право да се појави на најгледаните телевизии. И дека сите ние што сме збореле дека нема слобода на говор сме единствените виновници за тоа што некој вика дека во Македонија нема демократија.

    За да покаже дека има демократија, Груевски  ги натера газдите на Сител и на Канал 5 да ги викнат во вестите лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шеќеринска. И што се случи? Со само едно нивно појавување на квалитетните куртон вести и на помалку квалитетните куртон вести на кои снемува струја по потреба се виде колкава штета оваа власт има направено во медиумите. Како сите бомби да беа истресени одеднаш.

    Уште во текот на интервјуто на Латас со Заев прв се јави на Твитер авроамбасадорот Аиво Орав со чудење дали ова е фер и балансирано новинарство. Веднаш по интервјуто се јави и американскиот амбасадор Џес Бејли. И тој се чудеше. „Фер и балансирано? Ве молам. Македонските медиуми можат многу подобро“.

    Ете ви слика за македонското новинарство. Први реагираат ЕУ и САД. А на нашите агенција за медиуми, на ЗНМ и на Советот за етика им требаше цел ден за да реагираат.  Им требало време да се консултираат. Впрочем, да беше ова нормална држава со нормално новинарство, прес конференцијата со првите истраги на толку популарното Специјално обвинителство ќе ја пренесуваше јавниот сервис МРТВ, ако не на првиот, ама барем на Собранискиот канал, а не да ги ловиме изјавите на обвинителките герилски по Интернет портали. Ама пак, да беше нормална држава немаше ни да има Специјално обвинителство. И така кругот се затвора. И ај сега пак од почеток. Да се вратиме пред 25 години.

    3 Ме чуди дека амбасадорите биле зачудени од однесувањето на Латас на интервјуто со Заев. Па реагираше дури и турската амбасада во земја што, како што пред неколку години кажа претседателот Иванов, го носи Ердоган во срцето. Е па за чудење е.

    Ај амбасадорите не се тука цело време. Ама зарем на сите нас ни требаа 10 години да го сфатиме ова што ни се случува? Божем не слушнавме какви гадости зборувале на телефон и што се правеле,  па сега со само едно интервју можат да нè убедат дека Заев е крив оти тие зборувале и правеле такви гадости.

    Луѓето биле згрозени!? Ма немој. Па велат дека тоа било многу грдо, па било вредно за осуда… Паднати биле стандардите на новинарството. Ајдееее… Стандардите можат да паднат само ако има стандарди. Па ги заболело глава додека гледале,  па го гаселе телевизорот… Е па не гледајте. Оти Латас и уште десетина негови недоделкани копии што сонуваат да бидат Латас, секој ден дома во дневната соба ви седат. И нивните стандарди на новинарство ви ги сервираат меѓу две турски серии.

    Страшно е што не станува збор само за новинарски стандарди. Зборуваме за стандарди на секојдневното живеење, животниот стил, домашното воспитување, културата, толеранцијата…

    4 Да, грозно е. Ама згрозувањето не е доволно. И прашањето е што ќе направиш  ти за ова зло да не се повтори. Не само како гледач на телевизија. Туку како гласач на кој може „ливче да му снема“. Како работник. Како невработен со ветување за вработување. Како вработен во јавна администрација среќен оти го викнале на митинг. Како пензионер што се радува на бесплатниот автобус и Панорамското тркало. Како носител на бугарски пасош што чека работа во Шведска или Велика Британија. Како студент. Како родител. Како средношколец што се радува на екстерното тестирање. Како пациент пресреќен оти му дошол терминот за преглед и ги добил најдобрите услуги. Како лекар задоволен од реформите. Како судија без Сваровски. Како угледен амбасадор што на улица дели пасоши во дијсапората. Како газда на медиум што води сметка за јавниот интерес. Како новинар на кого му е дозволено да праша што сака. Како главен уредник што има право на избор дали ќе употреби куртон или не.

    На крајот на денот, прашањето е што ќе направиш и ти како партиски активист на владејачката партија. Што ти останува кога неколку луѓе ќе ти ја украдат идеологијата, партијата и државата? Затоа ич не е важно кој ќе победи на овие избори во Македонија. Ама ич. Важно е да се порази груевизмот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари