ВИСТИНСКА ВИСТИНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:171:"Властасамасиевиновнаштосисоздаденоваклетва:ДададеГосподИвонадатепофалинавести

    1. Откако излезе аферата со фирмата на мајката на мојата омилена ТВ-презентерка од Градски стадион б.б. која набавувала медицинска опрема за милион евра, се сетив дека во ноември 2012 година премиерот Никола Груевски изјави дека вистината има централно место во неговата политичка филозофија. И дека тоа му е заедничко со новинарската професија.
    Бидејќи и мене ми е вистината во центарот на системот на вредности на мојата новинарска филозофија, тој ноември 2012 година на ова место му пишав на премиерот дека сум загрижен оти разни портпароли и шефови на кабинети, и некакви комуникациски центри се обидуваат на различни начини да ја спречат новинарската потрага по вистината. На тој начин неговите вработени му ја уриваат неговата филозофија за вистината.
    Нејсе. Оттогаш има поминато повеќе од една година и, како што одминува времето на нивното владеење, така се засилуваат. Бидејќи веќе осма година продолжува практиката со владини реклами да се купува наколонетоста на медиумите, нормално е дека стана правило секој пат кога новинар ќе им се јави за прашање за која било, а особено за чувствителна тема, портпаролите и шефовите најбезобразно се јавуваат кај сопствениците и бараат да не се пишува за тоа.
    И со тој удар врз слободата на медиумите секојдневно се справуваме. Со мака, но си се справуваме. Ама последниов удар од Градски стадион б.б. покажува дека државата сама си ја корумпира единствената валута на новинарската професија. А тоа е вистината. Ова што се откри – дека фирма чиј сопственик бил експониран новинар добила на тендер на Министерството за здравство за увоз на медицинска опрема вреден еден милион евра, ја покажува вистинската вистина за односот на власта кон вистината.
    Власта ја корумпирала вистината.

    2. Сакам само да го повторам и малку да го надградам тоа што во ноември 2012 сум го напишал по повод филозофијата на вистината, во која и премиерот и јас веруваме. Размислете. Секој пат кога од име на партијата или од позиција на сила некој ќе се јави и ќе се заканува барајќи нешто да не се објави, или ќе плати за нешто да се објави, помислете дека ќе дојде време кога и вие нема да бидете на власт.
    Ако сега спречувањето на медиумите да поставуваат прашања го направите правило, а интервјуата и позитивните прилози си ги плаќате со реклами и тендери, утре секоја власт уште побрутално ќе го користи тоа правило.
    Јас немам илузии дека и кога СДСМ ќе дојде на власт нема да ги извади од фиоките прирачниците на ВМРО-ДПМНЕ за спружување на насловни страници, заедно со сите телефонски броеви на кои треба да се јават и жиро-сметките на новинарите спремни да бидат стратешки партнер на секоја власт, а не на основната вредност на својата професија. Нели и вие самите викате дека “на Заев не може да му се верува”.
    Уништувајќи го слободното новинарство, се уништувате и себеси. Кога нема да бидете власт, вам ќе ви треба да се поставуваат прашања и да се бараат одговори за отчетност на власта. Утре ќе нема кој да ја каже вашата вистина. Тогаш кога најмногу ќе ви треба.
    А ќе ви треба. Многу ќе ви треба.

    3. Нели има народна мудрост која вели дека “кога садиш тикви со ѓаволот, тиквите од глава ќе ти се удрат”. Така што власта сама си е виновна што си создаде нова клетва: Да даде Господ Ивона да те пофали на вести.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари