БАРСЕЛОНА ГО ТУЖИ НЕЈМАР ЗА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА

    БАРСЕЛОНА ГО ТУЖИ НЕЈМАР ЗА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРАСамо девет месеци откако потпиша нов договор со Барселона, Нејмар ја активираше откупната клаузула од 222 милиони евра (Фото: ЕПА)

    Откако го продаде на Пари Сен-Жермен за рекордни 222 милиони евра, Барселона покрена судска тужба против бразилскиот фудбалер Нејмар.

    Барселона го тужи Бразилецот за 8,5 милиони евра, барајќи од него да го врати бонусот за продолжување на договорот, на што се согласи само девет месеци пред да изнуди трансфер во Франција. Нејмар тогаш потпиша нов петгодишен договор со каталонскиот гигант.

    „Клубот бара од играчот да ја врати веќе исплатената сума, бидејќи тој не го комплетираше договорот. Покрај бонусот од 8,5 милиони евра, клубот бара и дополнителни десет проценти на име на камата. Доколку играчот не може да го направи тоа самиот, Барселона ќе бара од ПСЖ да ги исплати парите“, се вели во соопштението на Барселона.

    Претходно, Барселона објави дека ја задржува сумата од 26 милиони евра, што Нејмар требаше да ја добие како бонус за лојалност.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира