ДА ИМАШЕ НЕРЕШЕНО ВО ТЕНИСОТ, ЌЕ ГО ПОДЕЛЕВ ТРОФЕЈОТ СО РАФА, ПОРАЧА ФЕДЕРЕР ПО ТРИУМФОТ ВО АВСТРАЛИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Мелбурн,(агенции)

    ДА ИМАШЕ НЕРЕШЕНО ВО ТЕНИСОТ, ЌЕ ГО ПОДЕЛЕВ ТРОФЕЈОТ СО РАФА, ПОРАЧА ФЕДЕРЕР ПО ТРИУМФОТ ВО АВСТРАЛИЈА

    Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја освои рекордната 18. гренд слем титула со победата над Рафаел Надал во денешното финале на Австралијан опен и по триумфот му порача на Шпанецот дека би бил среќен да можеше да го поделат трофејот во Мелбурн.

    „Мислам дека ниту еден од нас двајцата не очекуваше да сретнеме во финалето, кога бевме во твојата академија пред четири или пет месеци. Ова беа сосема различни шест месеци. Тенисот е тежок спорт, нема нерешено, но ако имаше, ќе бев среќен да го поделам трофејот со Рафа“, кажа Федерер на церемонијата по мечот.

    Роџер Федерер ја освои петтата титула на Австралијан опен и вкупно 18. гренд слем трофеј вкупно, совладувајќи го Рафаел Надал со 6:4, 3:6, 6:1, 3:6, 6:3 во финалето на арената „Род Лејвер“ во Мелбурн. Швајцарскиот тенисер ја зголеми предноста над Шпанецот по бројот на гренд слем титули на четири со неговата прва победа на „Мелбурн парк“ по 2010 година и прв триумф по Вимблдон 2012 година.

    Федерер ќе се искачи на 10. место на АТП листата утре со триумфот, кој беше и прва победа над Надал на досегашните четири дуели на Австралијан опен. Швајцарецот, исто така, стана првиот тенисер во историјата со пет или повеќе титули на три различни гренд слем турнири.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира