ФУДБАЛЕРИТЕ НА МИЛАН СО ВИДЕО МУ ГО ЧЕСТИТАА 80. РОДЕНДЕН НА БЕРЛУСКОНИ, ПОЛИТИЧАРИТЕ ТВИТАА НА ХАШТАГОТ „БЕРЛУСКОНИ80“

a:1:{s:9:"td_source";s:29:"Милано,(АП/Анса)

    ФУДБАЛЕРИТЕ НА МИЛАН СО ВИДЕО МУ ГО ЧЕСТИТАА 80. РОДЕНДЕН НА БЕРЛУСКОНИ, ПОЛИТИЧАРИТЕ ТВИТАА НА ХАШТАГОТ „БЕРЛУСКОНИ80“

    Тимот на Милан му посака среќен роденден на Берлускони

    Силвио Берлускони денес наполни 80 години и играчите на Милан му пратија честитка на претседателот на фудбалскиот клуб. На интернет сајтот на италијанскиот клуб беше објавена видеопорака со желби за среќен роденден до Берлускони, а неговите политички сојузници твитаа честитки под хаштагот #Берлускони80.

    Поранешниот премиер на Италија го одбележа 80. роденден приватно со семејството, објави „Скај спорт“, во неговата вила во Аркоре, на околу 20 километри североисточно од Милано. Актуелниот генерален менаџер на Милан, Адријано Галијани, исто така, бил со него.

    „Сино-Јуроп спортс“, дел од конзорциумот што го купува Милан од Берлускони, исто така, испрати роденденски честитки. Пи-Ар менаџерот на групацијата објави фотографија од честитката што ја испратиле на која името на Берлускони е напишано на кинески и во позадина се гледа фудбалски терен.

    Италијанскиот медиумски могул и лидер на опозициската централно-десничарска партија Форца Италија, продолжува да предизвикува дијаметрално различни реакции во италијанската јавност: симпатизерите го обожаваат, а противниците го презираат.

    Неговата кариера беше нарушена со низа правни проблеми и секс скандали и беше избркан од Сенатот откако беше осуден за даночна измама во 2013 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира