ЃОКОВИЌ ГО НАЈМИ АГАСИ ЗА ТРЕНЕР ПО ПОРАЗОТ ОД ЗВЕРЕВ ВО РИМ

    ЃОКОВИЌ ГО НАЈМИ АГАСИ ЗА ТРЕНЕР ПО ПОРАЗОТ ОД ЗВЕРЕВ ВО РИМНовак Ѓоковиќ и Андре Агаси по победата на светскиот рекет број на Австралијан опен во 2013 година. (архивска фотографија)

    Новак Ѓоковиќ потврди дека Андре Агаси ќе му биде нов тренер откако српскиот тенисер загуби во финалето на Мастерсот во Рим од Александер Зверев.

    12-кратниот гренд слем победник претходно месецов се раздели од стариот тренерски тимм, а поранешниот светски рекет број еден Агаси ќе го придружува Ѓоковиќ во Париз за Ролан Гарос, којшто почнува на 28 мај.

    Веста за новиот тренер на Ѓоковиќ дојде веднаш по неговиот пораз од Германецот Зверев, кој го совлада Ѓоковиќ со 6:4, 6:3 во Рим. 20-годишниот Зверев е најмлад победник на Мастерс во последните 10 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира