ХРВАТСКИОТ КАПИТЕН МОДРИЌ ПОД ИСТРАГА ЗА ЛАЖНО СВЕДОЧЕЊЕ ВО КОРИСТ НА МАМИЌ

    ХРВАТСКИОТ КАПИТЕН МОДРИЌ ПОД ИСТРАГА ЗА ЛАЖНО СВЕДОЧЕЊЕ ВО КОРИСТ НА МАМИЌФудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ на 13 јуни во Осиек сведочеше на судењето на неговиот поранешен шеф Здравко Мамиќ за даночно затајување. (Фото: АП)

    Хрватските власти отворија истрага за капитенот на фудбалската репрезентација Лука Модриќ. Играчот од средниот ред, кој игра за Реал Мадрид, е осомничен дека дал лажна изјава за време на судењето за даночна измама на неговиот поранешен менаџер Здравко Мамиќ.

    Мамиќ, најголемиот фудбалски моќник во Хрватска, му беше шеф на Модриќ додека настапуваше за Динамо Загреб. Мамиќ, неговиот брат Зоран и уште две лица, беа обвинети за корупција која што наводно го чинела Динамо Загреб над 15 милиони евра и државата над 1,5 милиони евра. Осомничените наводно правеле проневера на пари преку лажни зделки и земале процент од продажбата на фудбалери.

    Ако биде осуден за лажно сведочење, Модриќ се соочува со затворска казна од шест месеци до пет години. Фудбалерот на Реал Мадрид сведочеше за неговиот трансфер од Динамо во англискиот клуб Тотенхем во 2008 година. Обвинувањата за лажно сведочење зависат од тоа кога точно тој потпишал анекс на неговиот договор со Динамо, со кој што се утврдуваат условите за заработка од идните трансфери. Според обвинителството, на судењето на 13 јуни Модриќ лажно изјавил дека го потпишал анексот во јули 2004 година. Обвинителството тврди дека анексот бил всушност потпишан во 2008 година, кога тој веќе бил заминат од Динамо.
    Јавниот обвинител верувал дека играчот лажно сведочел во корист на неговиот поранешен менаџер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира