ЛАКТОТ МУ ЗАЗДРАВЕ, ЃОКОВИЌ ЌЕ ЈА ПРЕДВОДИ СРБИЈА ПРОТИВ ШПАНИЈА ВО ДЕЈВИС КУПОТ

    ЛАКТОТ МУ ЗАЗДРАВЕ, ЃОКОВИЌ ЌЕ ЈА ПРЕДВОДИ СРБИЈА ПРОТИВ ШПАНИЈА ВО ДЕЈВИС КУПОТПоследен натпревар на Ѓоковиќ беше поразот од Ник Кирјос во четвртото коло од турнирот во Индијан Велс минатиот месец.(Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ ќе ја предводи Србија во обидот за првпат од 2013 година да се пласира во полуфиналето на Дејвис купот, надевајќи се дека ќе си ја рестартира кариера, која стагнира од неговата историската победа на Ролан Гарос.
    Со излечен лакт и одморено тело, српскиот тенисер е спремен да се врати на теренот за дуелот на Србија против Шпанија во четврт-финалето на Дејвис купот.

    „Во последно време не настапував на многу на натпревари и токму тоа ми треба за да се вратам во форма“, вели Ѓоковиќ.
    Српскиот тенисер падна од првото место на АТП листата по освојувањето на титулата на Ролан Гарос минатата година. Неговиот последен натпревар беше поразот од Ник Кирјос во четвртото коло на БНП Парибас Опен во Индијан Велс минатиот месец. Во меѓувреме, Новак се повлече од Мајами Опен поради сериозна повреда на десниот лакт.

    „Го прескокнав Мајами и не постигнав многу на Индијан Велс, така што почетокот на сезоната не беше идеален,“ вели Ѓоковиќ.
    „Имав среќа и задоволство да играм на врвно ниво шест години и имав фантастични резултати. Работите се малку поразлични сега. Ми требаше малку одмор. Меѓутоа, не сум разочаран, затоа имав можност да поминам повеќе време со моето семејство“.

    Шпанија ќе биде без Рафаел Надал и Роберто Баутиста во подобар од пет серијата, почнувајќи од петок.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира