ЛАУДА ОД ГЕВГЕЛИЈА НАЈАВИ ПОБРЗИ БОЛИДИ ВО ФОРМУЛА 1 СЛЕДНАТА СЕЗОНА

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Гевгелија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛАУДА ОД ГЕВГЕЛИЈА НАЈАВИ ПОБРЗИ БОЛИДИ ВО ФОРМУЛА 1 СЛЕДНАТА СЕЗОНА

    Прославениот Формула 1 возач Ники Лауда вели дека следната година болидите ќе бидат многу побрзи и потешки за управување поради воведувањето нови правила на трките, што ќе ја направи сезоната далеку понеизвесна и поатрактивна. Трикратниот шампион во Формула 1 по две и пол години повторно ја посети Гевгелија како промотор на компанијата за апарати за игри на среќа „Новоматик“, сопственик на „Фламинго“, и го отвори новиот дел на казиното, каде ги покани сите лубители на игри на среќа од Балканот да го посетат и да уживаат во новитетите што ги нудат.

    Австриецот, кој во 1976 година гореше со болидот во инцидентот на трката во Нирбургринг, смета дека шампион годинава ќе биде Нико Розберг од тимот на Мерцедес, каде тој е директор.

    Лауда е трикратен шампион во Формула 1 во 1975, 1977 и 1984 година. Во својата кариера има 25 победи. Тој во Гевгелија се задржа неполн час каде се дружеше со гостите во Фламинго.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира