МЕСИ СЕ ОЖЕНИ СО ЉУБОВТА ОД ДЕТСТВОТО АНТОНЕЛА РОКУЦО

    МЕСИ СЕ ОЖЕНИ СО ЉУБОВТА ОД ДЕТСТВОТО АНТОНЕЛА РОКУЦОДвојката Лионел Меси и Антонела Ракуцо, која има две деца, одбила свадбени подароци и наместо тоа побара донации за локална добротворна организација (Фото: Ројтерс)

    Суперѕвездата на „Барселона“ и Аргентина Лионел Меси синоќа се ожени со неговата љубов од детството Антонела Рокуцо, во неговиот роден град Росарио. Невестата носеше бела венчаница од каталонската дизајнерка Роза Клара.

    (Фото: Ројтерс)

    Вкупно 260 луѓе беа поканети на настанот полн со ѕвезди во хотелскиот казино комплекс, меѓу кои и бразилските соиграчи како бразилската ѕвезда Нејмар и напаѓачот на Уругвај Луис Суарез, како и персонал од тимот, колумбиската поп-ѕвезда Шакира и нејзиното момче, фудбалерот Херард Пике.

    Селија, Хорхе и Марисол Меси, мајката, таткото и сестрата на аргентинската ѕвезда (Фото: Ројтерс)

    Комплексот беше под силно обезбедување од околу 400 полицајци, а присутни беа и околу 150 новинари.

    Меси и неговата невеста ги резервираа сите соби за своите гости на свадбата, а исто така ангажираа фризерки и негувателки за деца.

    Имаше само граѓанска церемонија, без црковна венчавка.

    (Фото: Ројтерс)

    Неколку клучни имиња, како што се фудбалската легенда Диего Марадона, не беа на листата на гости.

    Поранешниот тренер Луис Енрике, кој ја напушти Барселона на крајот од сезоната, наводно, не бил поканет.

    Нејмар, Меси и Алвес (Фото: Ројтерс)

    Од соиграчите на Меси од Барселона, само Андрес Иниеста не можеше да дојде, бидејќи сакал да остане дома со новородената ќерка.

    Двојката Меси и Ракуцо, која има две деца, одбила свадбени подароци и наместо тоа побара донации за локална добротворна организација.

    Поранешните соиграчи на Меси во „Барселона“ Чави Ернандез со сопругата Нуриа Кунилјера, Сеск Фабрегас со сопругата Даниела Семан и Карлес Пујол и сопругата Ванеса Лоренцо (Фото: Ројтерс)

    Менито имаше типични аргентински елементи, со филе говедско месо и бомбом колбаси, со шампањ и вина.

     

     

     

     

    Сеск Фабрегас со сопругата Даниела Семан (Фото: Ројтерс)

     

    Карлес Пујол и сопругата Ванеса Лоренцо (Фото: Ројтерс)

    Самуел Ето со сопругата (Фото: Ројтерс)

     

     

    Семејствата Меси и Рокуцо (Фото: Ројтерс)

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира