НЕМА ПОДОБАР ПОДАРОК ОД ПОБЕДА ВО СУПЕР КУПОТ, ТВИТНА СЕБАЛЈОС, КОЈ ВО СКОПЈЕ ГО СЛАВИ 21. РОДЕНДЕН

    НЕМА ПОДОБАР ПОДАРОК ОД ПОБЕДА ВО СУПЕР КУПОТ, ТВИТНА СЕБАЛЈОС, КОЈ ВО СКОПЈЕ ГО СЛАВИ 21. РОДЕНДЕНФудбалерите на Реал Мадрид Дани Себалјос (десно) и Марсело пред полетувањето за Скопје од мадридскиот аеродром. (Фото: Фејсбук)

    Младата ѕвезда на Реал Мадрид Дани Себалјос, кој со своите соиграчи попладнево допатува во Скопје за натпреварот со Манчестер Јунајтед, денеска го слави својот 21. роденден. Тој на Tвитер напиша дека освојување на трофејот во Суперкупот ќе биде најдобар можен подарок за неговиот роденден.

    Себалјос на социјалната мрежа се заблагодари за роденденските честитки, додавајќи дека подигнувањето на трофејот ден по неговиот 21. роденден, би било неверојатно.
    Себалјос летово потпиша за кралскиот клуб, откако изминатите 4 сезони беше дел од фудбалскиот клуб Бетис и беше еден од најдобрите на Европското првенство во Полска за играчи до 21 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира