НОВО ЗНАМЕ ВО КУЌАТА НА СЛАВНИ, ПЛИВАЧОТ ТОМИ СТЕФАНОВСКИ НАГРАДЕН ВО КАЛИФОРНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:48:"ЛосАнџелес,(разниизвори)

    НОВО ЗНАМЕ ВО КУЌАТА НА СЛАВНИ, ПЛИВАЧОТ ТОМИ СТЕФАНОВСКИ НАГРАДЕН ВО КАЛИФОРНИЈА

    Македонскиот пливач Томи Стефановски стана првиот македонски спортист што влегол во „Куќа на славните“, откако викендов Меѓународната куќа на славните на маратонското пливање (ИМСХОФ) од Лос Анџелес на свечена церемонија во Калифорнија го додаде неговото име на својата почесна листа за неговиот придонес за спортот.

    Томи Стефановски официјално потврди дека се повлекува на 8 септември, еден ден по враќањето од Италија каде ја освои светската титула во Гран-при серијата на ФИНА.

    Томи Стефановски официјално потврди дека се повлекува на 8 септември, еден ден по враќањето од Италија каде ја освои светската титула во Гран-при серијата на ФИНА.

    „Ново знаме во Куќата на славните на меѓународното маратонски пливање“, напиша Стефановски на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од церемонијата во Лос Анџелес.

    Стефановски е еден од четворицата годинашни лауерати на ИМСХОФ, заедно со Клои Мекардел (Австралија), Атила Мањоки (Унгарија) и Чарли Гревет (Велика Британија).

    ИМСХОФ постои од 1963 година и досега во „Куќата на славните“ се примени 248 маратонски пливачи.

    Томи Стефановски официјално потврди дека се повлекува на 8 септември, еден ден по враќањето од Италија каде со освоеното шесто место на маратонот Капри-Неапол ја освои светската титула во Гран-при серијата на ФИНА. 45-годишниот Стефановски беше вицешампион во серијата пред две години, додека во 2009 година успеа да го преплива каналот Ла Манш. Сезонава тој победи на Охридскиот маратон како највозрасен пливач со ваков успех, а беше трет во трката на езерото Сен Жак во Канада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира