ОСВОЈУВАЊЕТО ТИТУЛИ И БРОЈОТ ЕДЕН НА АТП ЛИСТАТА ВЕЌЕ НЕ МИ СЕ ПРИОРИТЕТ, ВЕЛИ ЃОКОВИЌ

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Белград,(Ројтерс)

    ОСВОЈУВАЊЕТО ТИТУЛИ И БРОЈОТ ЕДЕН НА АТП ЛИСТАТА ВЕЌЕ НЕ МИ СЕ ПРИОРИТЕТ, ВЕЛИ ЃОКОВИЌ

    Новак Ѓоковиќ веќе не гледа на освојувањето гренд слем титули и останувањето на врвот на АТП-листата како приоритет во неговата тениска кариера, кажа српскиот тенисер.

    „Не сакам веќе да размислувам за освојување титули или да бидам број еден за да не си ставам притисок на себеси. Си ставив премногу притисок по победата на годинашниот Ролан Гарос и тоа не ми се допаѓаше. Отсекогаш сум уживал во тенисот и сакам да играм тенис и надвор од турнирите, но во последните неколку месеци, целата таа приказна околу правењето историја ми донесе премногу притисок. Тоа не значи дека веќе не сакам да придонесувам за спортот, туку дека не сакам да продолжам да играм тенис само за да освојувам титули“, вели Ѓоковиќ

    Ѓоковиќ, кој лесно ги освои титулите на гренд слем турнирите во Австралија и Франција во првата половина од сезоната, доживеа драматичен пад на формата во меѓувреме и се повлече од Чајна Опен следната недела поради повреда. Тој загуби од Американецот Сем Квери во третото коло на Вимблдон и потоа беше елиминиран во првото коло на олимпискиот тениски турнир од Хуан Мартин дел Потро.

    Ѓоковиќ сега е во Белград и додека вежбаше во тенискиот комплекс на кејот на Сава, тој нагласи дека се уште сака да освојува титули.

    „Ако победите и титулите дојдат, ќе ги пречекам со отворени раце. Сега сум на активен одмор и Мастерсот во Шангај ќе ми биде следен турнир. Имам микро повреда, но нејзината природа е таква што може да стане долготраен проблем. Блиску сум до тоа да бидам целосно подготвен, но повредата ми влијае на сервисот“, образложи светскиот рекет број еден.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира