ПРИВАТНИОТ АВИОН НА РОНАЛДО ИМАШЕ НЕСРЕЌА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ ВО БАРСЕЛОНА

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Барселона,(Ас)

    ПРИВАТНИОТ АВИОН НА РОНАЛДО ИМАШЕ НЕСРЕЌА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ ВО БАРСЕЛОНА

    Приватниот авион на португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо имаше несреќа при слетување на аеродромот во Барселона во понеделникот, јави шпанскиот спортски весник „Ас“.

    Авионот излегол од пистата по слетувањето поради технички дефект, откако опремата за слетување на авионот Галфстрим Г200 се расипала при спуштањето и пилотот морал да ја искористи својата експертиза да го слета авионот. Нема настрадани во несреќата и пилотот поминал со полесни повреди.

    Роналдо не бил во авионот кога се случил инцидентот, бидејќи беше во Германија за натпреварот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони којшто се одигра во вторникот.

    Португалскиот фудбалер го купи авионот минатата година за 20 милиони евра.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира