ПРОСЛАВА НА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА НА ВАРДАР НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ

    ПРОСЛАВА НА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА НА ВАРДАР НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕФото: Ѓ. Личовски

    Неколку илјади граѓани ноќеска славеа на Плоштадот Македонија во Скопје откако ракометниот клуб Вардар стана европски шампион. Се славеше и по улиците низ главниот град каде што навивачите на Вардар свиреа и пееја во колони возила со развиорени знамиња на клубот.

    Фото: Ѓ. Личовски

    Вардар го победи Пари Сен Жермен со 24:23 во финалето на фајнл форот во Келн со голот на Иван Чупиќ во последната секунда.

    Во саботата, речиси на идентичен начин, Вардар во полуфиналето ја совлада Барселона со 26:25 со голот на Лука Циндриќ во последните моменти од средбата.

    Фото: Ѓ. Личовски

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира