ПРВАТА ЖЕНА УЧЕСНИК НА БОСТОНСКИОТ МАРАТОН ГО ИСТРЧА ПОВТОРНО, 50 ГОДИНИ ПОДОЦНА

    ПРВАТА ЖЕНА УЧЕСНИК НА БОСТОНСКИОТ МАРАТОН ГО ИСТРЧА ПОВТОРНО, 50 ГОДИНИ ПОДОЦНА70-годишната Кетрин Швицер на целта на Бостонскиот маратон вчера и обидот на официјално лице да ја отстрани од патеката пред 50 години. (Фото: АП)

    Првата жена која го истрча Бостонскиот маратон, вчера го повтори истото по 50 години. Кетрин Швицер стана херој на движењето за правата на жените во 1967 година со нејзиното официјално учество на дотогаш исклучиво машката трка.

    Регистрирана како КВ Швицер, нејзината родовата припадност не беше забележана сè до почнувањето на трката, а неколку метри подоцна таа беше нападната од едно официјално лице, кој налутен се обиде да ја тргне од патеката – оставајќи една незаборавна слика за историјата на правата на жените. Со помош на својот партнер, Швицер го избегна официјалното лице и ја заврши трката за 4 часа и 20 минути.

    Во понеделникот, 70-годишната Кетрин го истрча маратонот уште еднаш, завршувајќи 25 минути подолго од првиот пат, односно за само 4:44:31 часа. Како знак на промената на времињата, Швицер беше поздравена со големо ракоплескање и испука со стартниот пиштол за елитната женска трка.

    Швицер изјави за „Си-Ен-Ен“ дека натпреварувањето на двете трки со 50 години разлика меѓу нив е како „ден и ноќ“. Кога слушна за првпат како навивачите го извикуваа нејзиното име таа рече: „Морам да кажам дека ова беше еден од најемотивните моменти во мојот живот… беше прекрасен момент.“

    Таа ја носеше својата оригинална бројка – 261, која беше повлечена од организаторите на трката откако таа ја помина целта, во знак на почит. Бостонскиот маратон досега повлекол само една друга бројка во неговата историја – 61, на знак на 61 трка на атлетичарот Џони Кели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира