РЕАЛ МАДРИД СТАНА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН, ЗИДАН ПРОТИВ МУРИЊО ВО СУПЕРКУПОТ ВО СКОПЈЕ

    РЕАЛ МАДРИД СТАНА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН, ЗИДАН ПРОТИВ МУРИЊО ВО СУПЕРКУПОТ ВО СКОПЈЕЅвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо постигна два гола во финалето во Кардиф против Јувентус. (Фото: АП)

    Реал Мадрид по рекорден 12. пат стана европски шампион со победата од 4:1 против Јувентус во финалето на Лигата на шампиони во Кардиф. Кристијано Роналдо постигна два гола за тимот на Зинедин Зидан и по еден додадоа Касемиро и Марко Асенсио, додека за италијанскиот тим стрелец беше Марио Манџукиќ. Како победник во Лигата на шампиони, Реал Мадрид ќе игра против победникот во Лига Европа Манчестер Јунајтед на Жозе Мурињо во европскиот Суперкуп во Скопје на 8 август.

    Со триумфот во Кардиф, Реал Мадрид стана првиот тим во историјата на натпреварувањето што успеал да ја одбрани титулата од претходната сезона. За Јувентус, ова беше седми пораз во финалињата на Лигата на шампиони

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира