ШАХИСТИТЕ НА АЛКАЛОИД ОСВОИЈА ЗЛАТО НА ЕВРОПСКИОТ КУП ВО НОВИ САД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАХИСТИТЕ НА АЛКАЛОИД ОСВОИЈА ЗЛАТО НА ЕВРОПСКИОТ КУП ВО НОВИ САД

    Шахистите на Алкалоид го освоија првото место на Европскиот клупски куп во Нови Сад, Србија откако во последното седмо коло од турнирот одиграа нерешено (3:3) со рускиот тим Легаси Сквер Москва. Македонскиот претставник го заврши Европскиот клупски куп со пет победи и две ремија, додека второпласираниот Медни Всадник од Русија имаше пет победи, едно реми и еден пораз.

    Европскиот клупски куп е најелитното клупско натпреварување во шах на континентот и Алкалоид го освојува златниот медал првпат во својата историја. Триумфот во Нови Сад доаѓа на 40-годишнината од основањето на клубот и на 80-годишнината од формирањето на компанијата.

    За Алкалоид, на турнирот настапија: Лирен Динг, Дмитри Андрејкин, Павел Елјанов, Дмитри Јаковенко, Јангји Ју, Јури Криворучко, Трајко Недев и Филип Панчевски, предводени од капитенот Драгољуб Јаќимовиќ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира