СОЧИ НЕМА ДА БИДЕ ДОМАЌИН НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОБ САНКАЊЕ ПОРАДИ ДОПИНГОТ ВО РУСИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Сочи,(Ројтерс)

СОЧИ НЕМА ДА БИДЕ ДОМАЌИН НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОБ САНКАЊЕ ПОРАДИ ДОПИНГОТ ВО РУСИЈА

Светското првенство во боб санкање и скелетон ќе биде преместено од Сочи, Русија поради најавите за бојкот на настанот. Летонија веќе се повлече од првенството, кое треба да се одржи од 13-26 февруари, по објавувањето на извештајот на Мекларен за допингот во рускиот спорт во кој беше откриено дека постои затајување на позитивни тестови на институционално ниво.

Јужна Кореја, домаќинот на Зимските олимписки игри во 2018 година, и натпреварувачите во скелетон од САД, исто така, размислуваат да се повлечат од настанот како протест против рускиот допинг.

Новиот домаќин на првенството треба да биде одреден во наредните неколку дена, соопшти Меѓународната федерација за боб санкање и скелетон. Германија веќе најави дека е расположена да го организира настанот ако биде преместен од Русија.

Дмитри Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимит Путин, кажа дека одлуката е политичка и без основа.

Коментари