И СТАДИОНОТ СО ПРИВРЕМЕНА РЕФЕРЕНЦА „ТЕЛЕКОМ АРЕНА“

    И СТАДИОНОТ СО ПРИВРЕМЕНА РЕФЕРЕНЦА „ТЕЛЕКОМ АРЕНА“

    Официјалното име на најголемиот стадион во Македонија останува „Филип Втори“, но за комерцијална употреба името ќе биде „Телеком арена“, вели Цветко Грозданов, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, под чија надлежност е стадионот.

    „Официјалното име на стадионот со одлука на Владата е ‘Филип Втори’. ‘Телеком арена’ е име за комерцијална употреба“, изјави Грозданов на денешната прес-конференција.

    На заедничкиот прес на Фудбалската федерација на Македонија и АДССДП, македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше промовиран во амбасадор на Суперкупот на УЕФА.

    Фудбалерот на Џенова Горан Пандев денеска беше промовиран во амбасадор на УЕФА Суперкупот, закажан за 8 август во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Суперкупот на УЕФА ќе се одигра на 8 август, а учесници ќе бидат победниците во Лигата на шампиони и Лига Европа.

    Во Лига на шампиони останаа: Јувентус, Барселона, Атлетико Мадрид, Лестер, Борусија Дортмунд, Монако, Реал Мадрид и Баерн Минхен, додека во Лига Европа останаа: Андерлехт, Манчестер Јунајтед, Селта Виго, Генк, Бешикташ, Лион, Ајакс и Шалке.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира