ТУПУРКОВСКИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МОК ПО СЕДМИ ПАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТУПУРКОВСКИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МОК ПО СЕДМИ ПАТ

    Васил Тупурковски и во наредните четири години ќе биде претседател на Македонскиот олимписки комитет откако на денешното собрание на МОК со акламација го доби седмиот мандат. Денешниот избор за претседател на МОК беше прв во историјата на организацијата со двајца кандидати, бидејќи за противкандидат на Тупурковски беше пријавен Атанас Николовски, кајакар и олимпиец. На Собранието беа присутни 76 од вкупно 126 делегати и на гласањето немаше никој „против“ реизборот на Тупурковски, само еден беше „воздржан“. Бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот кошаркар Благоја Георгиевски беа избрани за потпретседатели на МОК.

    „Голема чест, задоволство и пред сѐ обврска ми е што и во наредниот период ќе може да се грижам за подобро утре на македонскиот спорт. Знам дека ќе биде уште потешко, бидејќи критериумите се уште повисоки, но само со правилна и макотрпна работа мислам дека ќе успееме да го вратиме на вистински пат македонскиот спорт“, изјави Тупурковски по гласањето.

    Тупурковски го предводи МОК од неговото основање во 1992 годинa.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира