ВАРДАР ЕВРОПСКИ ШАМПИОН

    ВАРДАР ЕВРОПСКИ ШАМПИОНВардар ја освои титула на своето прво учество на фајнл фор. (Фото: ЕХФ)

    Вардар го победи Пари Сен Жермен со 24:23 во финалето на ракометната Лигата на шампиони и првпат во својата историја стана европски шампион.

    Како и во полуфиналето против Барселона, дуелот против францускиот тим во Келн беше израмнет од почеток од крај. Вардар одигра одлично второ полувреме, откако на паузата беше 12:11 за противникот. Стрелец на победоносниот гол во последната секунда од средбата беше Иван Чупиќ.

    Крилото Тимур Дибиров беше најдобар стрелец за Вардар со 7 гола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира