10 МРТВИ, 21 ПОВРЕДЕН, МЕЃУ НИВ И ДЕЦА ВО ПУКАЊЕТО ВО МИНХЕН, НАПАЃАЧОТ БИЛ САМ

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Минхен,(разниизвори)

    10 МРТВИ, 21 ПОВРЕДЕН, МЕЃУ НИВ И ДЕЦА ВО ПУКАЊЕТО ВО МИНХЕН, НАПАЃАЧОТ БИЛ САМ

    Десет луѓе се мртви и 21 е повреден, од кои тројца во критична состојба, по синоќешното пукање во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, Германија, соопшти шефот на минхенската полиција Хубертус Андрае.

    Полицијата приведе три лица за време на напади, но тие беа брзо пуштени на слобода, откако се утврди дека немаат врска со нападот

    Полицијата приведе три лица за време на нападот, но тие беа брзо пуштени на слобода, откако се утврди дека немаат врска со нападот

    Тој потврди дека дел од жртвите се тинејџери, а меѓу повредените има деца. Напаѓачот, чие тело беше пронајдено во близина на местото на настанот, најверојатно дејствувал сам, кажа Андрае на прес-конференцијата рано утринава. Тој ја отфрли можноста напаѓачот да имал соучесници, иако првичните информации беа дека има најмалку тројца напаѓачи.
    Полицијата соопшти дека напаѓачот, идентификуван само како 18-годишен Германец со иранско потекло, кој живеел во Минхен последните две години, се самоубил, пукајќи си во главата. Андрае на прес-конференцијата потврди дека полицијата ја истражува лажната Фејсбук страница на која се нуделе бесплатни оброци во „Мекдоналдс“ токму во периодот, кога напаѓачот почна да пука.

    Властите не откриваат детали за жртвите во нападот во трговскиот центар, па во отсуство на информации за идентитетот на загинатите и повредените, околу 50 фамилии од различна етничка припадност се собраа во спортска сала во Минхен да чекаат официјално соопштение за судбината на нивните најблиски.
    Ноќеска, косовската амбасадорка во САД Фљора Читаку на Твитер пренесе дека косовските медиуми јавуваат за загинат Албанец од Македонија во нападот во Минхен.

    Истовремено, сведок на настанот за косовската телевизија „КТВ“ изјави дека видела како жена од Гостивар плаче за ќерка си, која работела во трговскиот центар „Олимпија“.
    Германските власти ја истражуваат можноста нападот да бил мотивиран од антиимигрантски побуди, но и можноста зад нападот да стои исламски екстремизам. Во една од двете сними со напаѓачот може да се слушнат навредливи зборови на сметка на имигрантите, но не е баш најјасно дали доаѓаат од напаѓачот или од снимателите.

    Сведок за германска телевизија кажа дека напаѓачот викал „Проклети странци!“ за време на нападот во „Мекдоналдс“. Друг сведок изјави дека напаѓачот, исто така, во „Мекдоналдс“ викал „Алаху Акбар“.

    Полицијата побара од граѓаните да се приберат дома за да не и сметаат при потерата по напаѓачите

    Полицијата побара од граѓаните да се приберат дома за да не и сметаат при потерата по напаѓачите

    Ова е трет терористички напад во Европа во само осум дена. Нападот во Минхен следеше по нападот во Ница во кој терорист, роден во Тунис, со камион уби 84 луѓе во францускиот град Ница и по нападот близу германскиот град Вирцбург во кој авганистански тинејџер повреди пет луѓе со секира во воз. Во двата случаи, напаѓачите биле инспирирани од Исламска држава.
    Синоќешното пукање во Минхен се случи на петтата годишнина од нападот во Норвешка на Андерс Брејвик, во кој загинаа 77 луѓе.

    Питер Алтмаер, шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, кажа дека денеска ќе заседава Сојузниот совет за безбедност. Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиере беше на пат за САД, кога почна нападот, но го откажа одморот и се врати назад во Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари