4 МРТВИ, НАЈМАЛКУ 20 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ЛОНДОН

    4 МРТВИ, НАЈМАЛКУ 20 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ЛОНДОН

    Најмалку четворица загинаа во денешните два напада во Лондон, меѓу нив и напаѓачот и полицаец кој го обезедувал Парламенот, а други 20 се повредени соопшти полицијата. Возило покоси пешаци на мостот Вестминстер во Лондон попладнево, при што загина една жена, а многумина се со катастрофални повреди. Во исто време, човек со нож избоде полицаец и беше застрелан пред Парламентот, поради што целата околина беше блокирана.

    Властите велат дека ги сметаат нападите за терористички инцидент. Дел од повредените се средношколци од Франција кои биле на екскурзија во Лондон, потврди францускиот премиер. Сериозно повредена жена беше извлечена од Темза, а на повредените им помагаа и пратеници од парламентот. Властите велат дека добиле неколку различни сведоштва за нападот, вклучувајќи човек во Темза, автомобил како гази пешаци и човек вооружен со нож.

    На северниот крај на мостот Вестминстер се Биг Бен и Парламентот, двата иконички симболи на Лондон.

    Дејвид Лидингтон, лидерот на парламентот, им кажа на пратениците дека еден полицаец бил прободен, а напаѓачот бил застрелан од полицијата. Полицијата кажа дека низ Лондон се распоредени дополнителни полициски сили и апелираа до јавноста да остане будна.

    Нивото на тревога за меѓународен тероризам во Велика Британија веќе е на многу високо ниво. Денеска е годишнина од самоубиствените напади на аеродромот во Брисел и метрото во кои загинаа 32 луѓе, а последниов напад потсети на неодамнешните напади со возила во Берлин и Ница. Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападите и не е јасно дали има повеќе од еден напаѓач.

    Премиерката Тереза Меј, која за неколку минути беше евакуирана од зградата, ќе претседава со состанокот на владиниот комитет за итни работи. Командирот на полицијата во Лондон рече дека е во тек целосна антитерористичка акција.

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира