АД-ХОК КОНЦЕРТ НА МАДОНА ЗА ПОДДРШКА НА КЛИНТОН НА УЛИЦА ВО ЊУЈОРК

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Њујорк,(АП)

    АД-ХОК КОНЦЕРТ НА МАДОНА ЗА ПОДДРШКА НА КЛИНТОН НА УЛИЦА ВО ЊУЈОРК

    Мадона отпеа неколку од нејзините најголеми хитови во понеделникот вечерта изненанадувајќи ги луѓето со концерт на отворено, како поддршка на демократскиот кандидат за претседател Хилари Клинтон.

    Ѕвездата им го дава микрофонот на луѓето кои беа изненадени од нејзиниот ненајавен концерт на отворено за поддршка на Хилари Клинтон (Фото: АП)

    Ѕвездата им го дава микрофонот на луѓето кои беа изненадени од нејзиниот ненајавен концерт на отворено за поддршка на Хилари Клинтон (Фото: АП)

    Околу 300 луѓе кои се собраа на Вашингтон сквер, во срцето на Менхетн беа изненадени од појавата на мега популарната ѕвезда на улица. Тие заедно со Мадона испеаја неколку од нејзините најголеми хитови.

    madona-na-ulitsa-klinton

    „Утре ќе избереме претседател што нема да дискриминира“, ги повика Мадона нејзините фанови да гласаат против Доналд Трамп (Фото: АП)

    Ненајавениот концерт во предвечерието на денот на претседателските избори траеше триесетина минути.

    „Утре ќе избереме претседател што нема да дискриминира“, рече таа и ги повика луѓето што се собраа на овој импровизиран концерт да излезат на гласање и да гласаат за Клинтон.

    „Њујорк, утре е голем ден. Дали ме слушате? Дали сакате Доналд Трамп да биде претседател?“, прашаа таа, а публиката возврати со гласно „Не!“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира