АКО ЕУ СЕ РАСПАДНЕ ЌЕ ИМА ВОЈНА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, МУ ПОРАЧА ЈУНКЕР НА ТРАМП

    АКО ЕУ СЕ РАСПАДНЕ ЌЕ ИМА ВОЈНА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, МУ ПОРАЧА ЈУНКЕР НА ТРАМП

    Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, го предупреди Доналд Трамп против поттикнување земји да го копираат брексит, тврдејќи дека распадот на ЕУ би можело да предизвика војна во Западен Балкан. Во интервју за „Фајненшал тајмс“, Јункер рече дека ентузијазмот на американскиот претседател за заминувањето на Велика Британија од ЕУ е „нелагодно” и „изненадувачки”. Се покажа дека тајкунот на недвижности не бил свесен за комплицирана историја на Европа.

    62-годишниот ветеран на европската политика од Луксембург, упати предупредување до американскиот потпретседател Мајк Пенс кога тој го посети Брисел минатиот месец.

    „Му реков на заменик-претседателот, ‘Не го кажувајте тоа, не поканувајте други да ја напуштат ЕУ, затоа што ако Европската унија падне, ќе има нова војна во Западен Балкан'”, рече Јункер.

    Во 1991 година, на крајот на Студената војна, по распадот на поранешна Југославија доведе до брутална етничка војна меѓу Србите, Хрватите и босанските муслимани која заврши само по НАТО воената интервенција.

    Јункер рече дека е важно да им понуди на земјите во регионот можност за членство во ЕУ: “Ако ги оставиме сами – Босна и Херцеговина, Република Српска, Македонија, Албанија, сите овие земји – ќе има војна.”

    Јункер зборуваше за притисоците во трансатлантските односи и негативното влијание на излезот на Велика Британија од ЕУ. Тој го опиша како „трагедија”, со последици. Тој рече дека вкупната сметка за Велика Британија ќе биде до 60 милијарди евра, според пресметките на Брисел и предвидените сложени и тешки преговори.

    „Секој ден ќе откриеме нови проблеми, кои дури не може и да се замислат”, изјави Јункер. „Луѓето мислат дека брексит е крајот. Не, тоа е само почеток”.

    Јункер вели дека Трамп е застрашувачки за Европејците со својата реторика „Америка на прво место”.

    “За прв пат во повоената историја имаме американски претседател кој оддава впечаток дека не е заинтересиран за европски прашања”, рече тој.

    Јункер планира да го посети Вашингтон следниот месец, но неизвесно е дали ќе се сретне со Трамп. “Тие се обидуваат да закажат средба, но тој има други приоритети. Патем, тој не разбира ништо за Европа “, рече тој. “Тој разговараше со Доналд Туск (претседател на Европскиот совет) на телефон и мислел дека тоа сум јас.”

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира