АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО ВОЈНИЦИ ВО ПАРИЗ, ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ

    АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО ВОЈНИЦИ ВО ПАРИЗ, ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИПолицајци и војници го обезбедуваат местото на нападот со автомобил во Париз. (Фото: Ројтерс)

    Шест француски војници се повредени откако беа удрени од автомобил во Париз. Двајца од војниците се сериозно повредени, додека останатите имаат полесни повреди, соопшти француската полиција.

    Патрик Балкани, градоначалникот на комуната Левалоа-Пере, кажа дека БМВ паркирано во уличка се втурнало во војниците додека тие ја напуштале касарната да одат на патрола.

    Во тек е голема полициска операција во потрага во БМВ-то и возачот.
    „Без сомнеж, ова беше намерен акт“, изјави Балкани за телевизијата „БФМ ТВ“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира