БРАЗИЛСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА РУСЕФ РАЗРЕШЕНА ПОРАДИ МАНИПУЛАЦИИ СО БУЏЕТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:36:"Бразилија,(Еј-Би-Си)

    БРАЗИЛСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА РУСЕФ РАЗРЕШЕНА ПОРАДИ МАНИПУЛАЦИИ СО БУЏЕТОТ

    Бразилскиот сенат ја разреши Дилма Русеф од претседателската функција поради прекршување на буџетските закони, ставајќи крај на процесот на импичмент кој ја поларизираше нацијата и ја парализираше тамошната политика девет месеци. Сенаторите гласаа 61:20 за разрешување на Русеф поради нелегално користење пари од големите државни банки за зголемување на јавната потрошувачка и прикривање на дефицитот, со што беше ставен крај на 13-годишното владеење на левичарската Работничка партија со најголемата економија во Латинска Америка.
    Сепак, во изненадувачки пресврт, другото гласање, со кое требаше да и се забрани на Русеф да има каква било јавна фунцкија во наредните осум години не успеа да помине, што во теорија значи дека таа може да се врати во политичкиот живот. Конзервативецот Мишел Темер, поранешен потпретседател кој беше вршител на должноста претседател од суспензијата на Русеф во мај, даде заклетва како претседател и ќе го отслужи остатокот од претседателскиот мандат до 2018 година.
    Русеф го нарече гласањето „парламентарен пуч“ и вети дека нејзината Работничка партија ќе се врати на власт.
    „Тие донесоа одлука да го прекинат мандатот на претседатл  кој нема направено никаков криминал. Тие осудија невина личност и извршија парламентарен пуч. Ние ќе се вратиме да го продолжиме нашиот курс кон Бразил во кој народот е суверен“, изјави Русеф по разрешувањето.
    Нејзините противници ја поздравија шансата да се сврти нов лист во земјата по долгата политичка криза, која се случува за време на најлошата рецесија во неколку генерации во Бразил и огромниот корупциски скандал во државната нафтена компанија „Петробрас“. Во престолнината Бразилија, возачите свиреа со сирените во чест на отстранувањето на Русеф од претседателската функција. Во најголемиот бразилски град Сао Пауло се славеше со огномет по гласањето во сенатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира