БРИТАНИЈА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ЕУ ВО 2020

a:1:{s:9:"td_source";s:29:"Лондон(БИ-БИ-СИ)

    БРИТАНИЈА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ЕУ ВО 2020

    Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска изгласа да ја напушти Европската унија на историскиот референдум што се оддржа вчера, по 43 години членство во Унијата.

    За напуштање на ЕУ гласаа 52 отсто од излезените гласачи, додека 48 отсто гласаа за останување во Унијата. Англија и Велс цврсто го поддржаа излегувањето од Унијата, додека Лондон, Шкотска и Северна Ирска беа строго за останување.

    Британија е првата земја што ја напушта ЕУ од нејзиното формирање, но гласањето не значи дека земјата моментално ќе престане да биде членка на блокот од 28 земји. Процесот може да трае најмалку 2 години, а за време на кампањата за излегување се споменуваше дека излезот треба да биде во 2020, кога ќе бидат следните парламентарни избори.

    Премиерот ќе треба да го покрене Членот 50 од Лисабонскиот договор, што ќе и даде на Британија 2 години да го преговара повлекувањето. Еднаш кога ќе се покрене Членот 50, земјата веќе не ќе може пак да влезе во ЕУ без согласност од сите земји-членки.

    Камерон претходно рече дека тој ќе го покрене Членот 50 најбрзо што може, но Џонсон и Гоув, кои водеа кампањи за излез, велат дека не треба да се брза. Но тие рекоа и дека мора да се направат итни измени пред земјата да излезе од ЕУ, како на пример ограничување на моќта на европските судови и ограничување на слободниот проток на работна сила, што потенцијално е во судир со обврските на Британија според Лисабонскиот договор.

    Владата ќе треба да ги преговара и идните трговски врски со ЕУ и да ги среди трговските договори со другите земји кои не се членки на ЕУ. Исто така, следи масивен процес на промени на над 40-годишно усогласување со ЕУ законодавството, и решавање кои закони, директиви и правила да се задржат, а кои не.

    Кампањата за излез во текот на 4-месечната референдумска кампања тврдеше дека единствениот начин Британија да си ја поврати контролата врз своите работи е да излезе од ЕУ. Тие ги отфрлија предупредувањата од економистите и меѓународните тела за економското влијание на Брегзитот како заплашувања од самодоволна елита.

    Приврзаниците на Брегзит резултатите ги поздравија како „ден на независност“, додека поддржувачите на ЕУ за резултатите рекоа дека се „катастрофа“.

    Фунтата падна рекордно ниско во однос на доларот од 1985 година до сега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари