ЕВОЛУЦИЈАТА ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ИЗУЧУВА ВО ТУРСКИТЕ УЧИЛИШТА

    ЕВОЛУЦИЈАТА ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ИЗУЧУВА ВО ТУРСКИТЕ УЧИЛИШТАСекуларната опозиција долго време тврди дека владата на Реџеп Тајип Ердоган спроведува тајна исламистичка агенда спротивна на основните вредности на републиката. (Фото: АП

    Еволуцијата веќе нема да се предава во турските училишта, кажа висок функционер од министерството за образование, потег што ја разгневи секуларната опозиција во земјата. Алпаслан Дурмуш, претседателот на националниот борд за образование, рече дека еволуцијата е дискутабилна, контроверзна и премногу компликувана за учениците.

    „Веруваме дека овие предмети се тешки за сфаќање за учениците“, изјави Дурмуш во видео објавено на веб сајтот на министерството за образование.
    Дурмуш вели дека поглавјето за еволуцијата се отстранува од учебниците по биологија за деветто одделение и предметот се одложува за учење во средните училишта. Друга промена на наставниот план е намалувањето на времето што учениците го посветуваат на изучување на значењето на секуларизмот.

    Критичарите на владата веруваат дека од јавниот живот се повеќе се отстрануваат секуларните традиции воведени од основачот на нацијата, МУстафа Кемал Ататурк. Секуларната опозиција долго време тврди дека владата на Реџеп Тајип Ердоган спроведува тајна исламистичка агенда спротивна на основните вредности на републиката.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира