ФЕЈСБУК СЕ ОТКАЖА ОД ЦЕНЗУРА НА СЛИКАТА СО „НАПАЛМ ДЕВОЈЧЕТО“ ПО ОБВИНУВАЊЕТО ДЕКА ЗАКЕРБЕРГ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА МОЌТА

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Норвешка/САД,(Индепендент)

    ФЕЈСБУК СЕ ОТКАЖА ОД ЦЕНЗУРА НА СЛИКАТА СО „НАПАЛМ ДЕВОЈЧЕТО“ ПО ОБВИНУВАЊЕТО ДЕКА ЗАКЕРБЕРГ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА МОЌТА

    Фејсбук направи целосен пресврт по решението да ја цензурира историската слика од дете жртва на Виетнамската војна, која беше отстранета од социјалната мрежа, бидејќи, наводно, се коси со правилникот на мрежата за голотија. Извршниот директор Марк Закерберг беше обвинет дека ја „злоупотребува својата моќ“ од уредникот на најголемиот норвешки весник „Афтенпостен“, откако Фејсбук избриша статија, која ја содржеше фотографијата од 1972 година со тогаш деветгодишната Ким Фук како трча по улица без алишта на себе откако претрпе сериозни изгореници по напад со напалм.

    Главниот уредник на „Афтенпостен“ Егил Хансен напиша отворено писмо на насловната страна упатено до Закерберг, изразувајќи загриженост дека неговата „уредничка одговорност“ е ограничена од Фејсбук. Кога „Афтенпостен“ го пријави отстранувањето и повторно ја сподели фотографијата, тие добиле електронска пошта од Фејсбук со барање сликата да биде отстранета или заматена согласно правилникот за голотија.

    „Секоја фотографија во која се прикажува целосна фронтална голотија или задник или целосно голи женски гради, ќе биде отстранета“, пишуваше во мејлот, како што пренесе „Афтенпостен“.

    Уште пред да одговори норвешкиот весник, фотографијата била отстранета. Фејсбук првично го бранеше потегот со објаснување: „Признаваме дека оваа фотографија е историска, но тешко е да се направи дистинкција помеѓу дозволување фотографија од голо дете во еден случај, а забрана во други случаи“.

    Фејсбук одлучи да избрише една објава на норвешкиот писател Том Егеланд, во кој што меѓу другото ја имаше и фотографијата која доби Пулицерова награда, наречена „Теророт на војната“ на Ник Ут, со деца – меѓу кои и „напалм девојчето“ 9-годишната Ким Пуц, – кои бегаат од напад со напалм за време на Виетнамската војна. Еспен Егил Хансен, главен уредник на „Афтенпостен“, го обвини извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг за „злоупотреба на моќта“ врз социјалниот медиум, кој денес има главна улога во дистрибуцијата на вести во светот, и за страшна неспособност за „разликување помеѓу детска порнографија и познати воени слики“

    Сепак, по бурните реакции, Фејсбук сега соопшти дека ќе ја вратат избришаната фотографија и ќе им дозволат на корисниците да ја споделуваат поради нејзиниот „статус на слика со историско значење“.

    „По реакциите на нашата заедница, решивме повторно да разгледаме како нашите стандарди се применуваат во овој случај. Слика на голо дете нормално би била нарушување на нашите стандарди и во некое земји можеби би било оквалификувано како детска порнографија. Во овој случај, ја признаваме историската и глобалната важност на сликата со која се документира одреден момент во времето. Решивме да ја вратиме сликата на Фејсбук, каде сме свесни дека била отстранета“, изјави портпарол на Фејсбук, додавајќи дека ќе ги подесат механизмите за пријавување на голотија за да дозволат споделување на фотографијата.

    Во отвореното писмо, напишано од Хансен, кој го нарече Закерберг „најмоќниот светски уредник“ стоеше: „Вознемирен сум и разочарен, всушност и уплашен од тоа што вие сакате да направите со темелите на нашето демократско општество. Загрижен сум дека најважниот светски медиум ја ограничува слободата наместо да се обиде истата да ја зголеми, и дека тоа понекогаш го прави на авторитарен начин“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира