ФИЛИП Е МОЈА КАРПА, ВЕЛИ ТЕРЕЗА МЕЈ НОВАТА БРИТАНСКА ПРЕМИЕРКА ЗА СОПРУГОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:38:"Лондон(разниизвори)

    ФИЛИП Е МОЈА КАРПА, ВЕЛИ ТЕРЕЗА МЕЈ НОВАТА БРИТАНСКА ПРЕМИЕРКА ЗА СОПРУГОТ

    Филип Меј е само втор сопруг на премиерка во историјата на Британија, и ќе мора да се навикне да биде под лупа. Тој излезе од релативната таинственост во понеделникот, кога го сликаа на скалилата на Парламентот како ја гушка сопругата со која е 36 години, пред толпата приврзаници кои скандираа. Нивните широки насмевки се најдоа на насловните страници, и дадоа редок поглед на човечната страна на Тереза Меј, која внимателно си го штитеше приватниот живот.

    Но господин Меј, кој досега водеше тивок живот како инвестициски менаџер, не изгледа како тип на премиерски сопружник кој сака јавно внимание. Некои веќе го гледаат како нов Денис Тачер, кој беше задоволен да ја игра споредната улога покрај Маргарет Тачер во времето додека таа беше на власт, приватно нудејќи мислење и поддршка, но правејќи сѐ да избегне контроверзии во јавноста, иако магазинот „Прајват ај“ го сметаше за реакционер од голф клуб кој џапа џин.

    Нивните широки насмевки се најдоа на насловните страници, и дадоа редок поглед на човечната страна на Тереза Меј, која внимателно си го штитеше приватниот живот

    Нивните широки насмевки се најдоа на насловните страници, и дадоа редок поглед на човечната страна на Тереза Меј, која внимателно си го штитеше приватниот живот

    Филип Меј е со различно социјално потекло од Денис Тачер. Образуван во државно место приватно школо, роден е во Норфолк и пораснал во Мерсејсајд пред да замине во Оксфорд да студира историја. Мајка му е професорка по француски, татко му е продавач на чевли на големо, што го забавувало семејството, со оглед на љубовта на Тереза кон егзотични чевли, за која нашироко се пишува во медиумите.

    Тој е различен од Денис Тачер и по тоа што како млад имал политички амбиции. Кога во 1976 ја запознал Тереза во диското на студентската Конзервативна асоцијација, Филип бил претседател а Оксфордското здружение, традиционален расадник за кариера во директната политика. Двојката се венча во 1980. Но, по неколку месеци, татко ѝ на Тереза, англиканскиот свештеник Хјуберт Брасиер, загина во сообраќајка, а неколку месеци подоцна почина и мајка ѝ Зејди, која имала мултиплекс склероза и била во количка.

    Филип  е само еден обичен, фин дечко, кој е исто толку паметен како неа. И по 36 години брак тие сѐ уште се тотално вљубени еден во друг.

    Филип е само еден обичен, фин дечко, кој е исто толку паметен како неа. И по 36 години брак тие сѐ уште се тотално вљубени еден во друг.

    Тереза Меј, која ретко се отвора за приватниот живот, зборувала за огромната поддршка што во овој период од нејзиниот живот ја добила од Филип, кој со 57 години е 2 години помлад од неа.

    „Тоа ми беше многу важно. Тој ми беше вистинска карпа“, рече таа, а неодамна зборуваше и за тагата оти не можеле да имаат деца.

    По кусотрајната функција како претседател на Конзервативната асоцијација на Вимблон, Филип Меј како одамна да ги напуштил своите политички амбиции, и застана зад сопругата на нејзиниот долг, сигурен пат кон врвот.

    Својата кариера ја градел како менаџер на фондови во „Пруденшал“, „Де Зете и Беван“ и во „Дојче асет менаџмент“. Од 2005 работи како менаџер за врски во „Капитал груп“, која издаде соопштение откако жена му доби нова работа во кое се вели: „Тој не е вклучен, ниту менаџира пари, ниту пак е менаџер на портфолија. Негова работа е да осигура дека клиентите се среќни со услугата и дека ние ги разбираме нивните цели“.

    Пријателите на двојката го опишуваат Филип како подружељубив од неа на друштвените собири, но не е некој кој би сакал да го оттргне вниманитето од сопругата. Велат дека тој ги критикува нејзините говори, но секогаш ја поддржува. Еден пријател изјави за „Гардијан“: „Филип е стварно сладок. Тој е само еден обичен, фин дечко, кој е исто толку паметен како неа. Сѐ уште се тотално вљубени еден во друг и имаат одлично пријателство“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари