ГЕНЕРАЛОТ АКИН ОЗТУРК НЕГИРА ДЕКА Е ВОДАЧ НА ПУЧОТ ВО ТУРЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:31:"Турција(Би-Би-Си)

    ГЕНЕРАЛОТ АКИН ОЗТУРК НЕГИРА ДЕКА Е ВОДАЧ НА ПУЧОТ ВО ТУРЦИЈА

    Поранешниот генерал на воздухопловството негира дека е одговорен за обидот за воен удар во Турција во петокот. Генералот Акин Озтурк и 26 високи офицери се обвинети за предавство и судот денеска им изрече притвор, објави државната агенција Анадолија.

    Но во изјава на обвинителите, генералот инсистираше: „Јас не сум лицето кое го планираше и водеше пучот“. Анадолија претходно го цитираше дека на истражителот му рекол оти тој „дејствувал со намера да изведе пуч“.

    „Јас не знам кој го планирал и кој го водел. Според моето искуство, мислам дека движењето на Ѓулен го изведе овој пуч“, им рекол на обвинителите генералот Озтурк пред да  излезе на суд. „Но, не можам да кажам кој во рамките на воените сили го организирал и го извел. Немам информација. Јас сум се борел против оваа структура“.

    Генералот Акин Озтурк е меѓу 112 генерали и адмирали кои се уапсени во петокот. 50 од нив се во притвор и чекаат судење.

    Власата ги обвинува за пучот приврзениците на свештеникот  Фетулах Ѓулен кој живее во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари