ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ СПЛИТ, ИЗГОРЕА МНОГУ КУЌИ

    ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ СПЛИТ, ИЗГОРЕА МНОГУ КУЌИ(Фото: Индекс.хр)

    Уште една непроспиена ноќ во Сплит и околината, а на местото на пожарите во Срињине, Жрновница, Подстрана, Строжанац и Сплит има 384 пожарникари и 102 возила. Во пожарите во овој дел на Хрватска изгореа многу куќи, деловни простории и автомобили. Дел од населението синоќа ги напушти домовите во погодените области.

     

    (Фото: ХИНА)

    Според груба проценка, пожарите кои се веќе 27 часа се активни на потегот од Омиш до Сплит проголтаа 4.500 хектари густа борова шума, трева, грмушки и маслинки, а пожарникарите вчера добија над 5.000 повици на вознемирените граѓани. По Сплит, пожарникарите ноќеска спасуваа куќи во Строжанац и Подстрана, но утрово куќите веќе не се загрозени.

    Небото над Сплит денеска е уште сиво и непровидно, а во воздухот лета пепел и сè повеќе тешко се дише. Ветерот не дува, така што со помош на противпожарните авиони „канадер“ кои утрово излегоа на терен пожарот може наскоро да се стави под контрола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира