ХУМАНОСТА НА ЏОРЏ МАЈКЛ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА ПО НЕГОВАТА СМРТ

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Лондон,(Би-Би-Си)

    ХУМАНОСТА НА ЏОРЏ МАЈКЛ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА ПО НЕГОВАТА СМРТ

    Приказни за хуманоста на Џорџ Мајкл излегоа на виделина по неговата смрт на Божиќ, вклучувајќи и како финансирал ин витро третман за една двојка.

    Мајкл дозна за двојката откако познатиот продуцент на реални шоуа Ричард Осман, спомена дека Стив Дејвис, партнерот на една од натпреварувачките, кажал дека на жена му Линет Гилард и требале 15.000 долари за ин витро третман.

    „Џорџ Мајкл следниот ден скришум се јави за да ѝ ги даде тие 15 илјади долари на двојката“, твитна Осман.

    „За многу години се мислев кој би можел да биде толку великодушен, а сега знам. Што повеќе да кажам освен ‘Ти благодарам, Џорџ’“, во тоа време Дејвис изјави за Манчестер Ивнинг Њуз и додаде: „Едно благодарам не е доволно. Ова е нешто што ја враќа вербата во човештвото.

    Донациите на Мајкл беа наменети почнувајќи од големи организации и мали дела на добрина.

    Средствата од продажбата на песната од неговиот дует со Елтон Џон од 1991 година им беа донирани на хуманитарни организации за помош на деца и болни од ХИВ/СИДА..

    Една од овие оганизации, „Теренс Хигинс Траст“ твитна: „Ти благодарам за се што направи за ЛГБТ заедницата и за луѓето да се едуцираат за ХИВ. Почивај во мир, Џорџ.“

    Други приказни за хуманоста на Мајкл се појавија на социјалните медиуми, како донацијата од 50.000 долари за „Спорт Рилиф“.

    Поп иконата Џорџ Мајкл Мајкл, кој почина од откажување на срцето во неговиот дом во Оксфордшир завчера, има продадено над 100 милиони албуми за време на неговата кариера од речиси четири децении, освои многу Греми награди и имаше дуети со Арета Фреклин, Реј Чарлс, Лучано Павароти и Елтон Џон. Пејачот стана славен како член дуото „Вaм!“, пред да стане глобална соло ѕвезда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира