„КАКВА ЛОША ЖЕНА“, РЕЧЕ ТРАМП ЗА КЛИНТОН

a:1:{s:9:"td_source";s:14:"САД,(АП)

    „КАКВА ЛОША ЖЕНА“, РЕЧЕ ТРАМП ЗА КЛИНТОН

    Доналд Трамп во финалната дебата тврдеше дека никој не ги почитува жените повеќе од него. Но во завршните моменти, застанат на сцена со првата жена кандидатка за претседател во историјата на САД, ја нарече Хилари Клинтон „каква лоша жена“.

    Политичките противници на обете страни се шокираа од изјавата, а многумина на социјалните мрежи и на локалните ТВ го сметаат ова за најлошиот момент на републиканскиот кандидат на 90-минутната дебата во Лас Вегас.

    На Твитер, веднаш се роди хаштагот „лошажена“, корисниците на социјалните мрежи почнаа да го користат терминот во позитивна смисла за демократската кандидатка, а почнаа да се прават и маици со овие два збора. Дури и вебсајт со назив „лоша жена“ ги пренасочува посетителите до страницата за донации на кампањата на Клинтон.

    На Твитер, веднаш се роди хаштагот „лошажена“, корисниците на социјалните мрежи почнаа да го користат терминот во позитивна смисла за демократската кандидатка, а почнаа да се прават и маици со овие два збора

    На Твитер, веднаш се роди хаштагот „лошажена“, корисниците на социјалните мрежи почнаа да го користат терминот во позитивна смисла за демократската кандидатка, а почнаа да се прават и маици со овие два збора

    Оние што го водат Твитер профилот на Клинтон поентираа со тоа што ја покажуваа разликата меѓу изјавата на Трамп „Никој не ги почитува жените повеќе од мене“ и неговата изјава „лоша жена“. Оние што го бранат Трамп, меѓу кои и радиоводителот Марк Левин, велат дека и мажи и жени може да бидат лоши и дека нема ништо сексистичко во тоа што го кажал.

    Пред Трам да го каже тоа, изгледаше дека Клинтон му влегла под кожа. Таа зборуваше за нејзините предлози да се заштити социјалното и здравственото осигурување. Нејзиниот план е, рече таа, да ги зголеми даноците за богатите, меѓу кои се таа и Трамп. И додаде дека се надева оти милијардерот Трамп, кој во 1990 повратил скоро милијарда долари на име на загуба, нема да најде начин да избегне оданочување.

    „Под претпоставка дека тој нема да најде начин како да се извлече“, рече Клинтон.

    Додека таа зборуваше, Трамп се вмеша и рече „Каква лоша жена“. Ја крена десната рака и го впери прстот и заниша со главата, а устата му се отвори во очигледна згрозеност.

    Клинтон не се обѕрна на коментарот туку продолжи да го образложува својот план. По дебатата на новинарите им рече, „Едноставно, не обрнав внимание на тоа“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира