КЕРИМ НЕ УЧЕСТВУВАЛ НА ПРВАТА ДЕБАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ОН ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР

a:1:{s:9:"td_source";s:65:"Њујорк,(АлЏезира,,САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КЕРИМ НЕ УЧЕСТВУВАЛ НА ПРВАТА ДЕБАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ОН ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР

    За прв пат во историјата на ООН, кандидатите за генерален секретар на организацијата се појавија на дебата во живо, со претставување на својата кандидатура. Десетмина од 12-те кандидати за функцијата генерален секретар учествуваа на дебатата што се одржа во салата на Генералното собрание и се емитуваше директно преку сателит на телевизијата Ал Џазира.

    Не учествуваа само кандидите за генерален секретар од Македонија и од Словачка, Срѓан Керим и Мирослав Лајчак.

    Мрежата Ал Џазира им понудила на македонските телевизии бесплатно да ја пренесуваат дебатата синоќа од полноќ до три часот изутрина по локално време, но ниту една ТВ куќа не покажала интерес за директниот пренос.

    Сите претходни генералните секретари беа избрани зад затворени врати со пет постојани членки на ОН: САД, Кина, Русија, Франција и Велика Британија.

    Во период од по два и пол часа кандидатите ги изложија своите приоритети во случај да бидат избрани и одговараа на прашања за реформирањето на ОН, за наоѓањето начини за решавање на конфликтите и за други актуелни проблеми, како ситуацијата на Блискиот Исток, во Јужен Судан или климатските промени.

    Дебатата се одржаа во два круга. Во првиот учествуваа поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, министерот за надворешни работи на Аргентина Сусана Малкора и поранешните шефови на дипломатии на Молдавија, Наталија Герман, на Србија, Вук Јеремиќ и на Хрватска, Весна Пусиќ.

    Во вториот круг дебатираа генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, бугарски кандидат, поранешната премиерка на Нов Зеланд Хелен Кларк, која ја раководи Програмата за развој на ОН, црногорскиот министер за надворешни работи Игор Лукшиќ, поранешниот претседател на Словенија, Данило Тирк и кандидатката од Коста Рика, Кристиана Фигерес, која до 6 јуни беше извршен секретар на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.

    Следната недела Советот за безбедност го почнува неформалното тајно гласање за избор на кандидат, кој ќе му го препорача на Генералното собрание на ОН.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари