КОНДОЛИЗА РАЈС СЕ ОТКАЖА ОД ПОДДРШКАТА ЗА ТРАМП, ВИДНИ РЕПУБЛИКАНЦИ БАРААТ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Вашингтон(разниизвори)

    КОНДОЛИЗА РАЈС СЕ ОТКАЖА ОД ПОДДРШКАТА ЗА ТРАМП, ВИДНИ РЕПУБЛИКАНЦИ БАРААТ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

    Поранешната државна срекретарка Кондолиза Рајс е последната од видните републиканци што ја повлече својата поддршка за кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп.

    По објавената снимка од 2005 година во која се слушаат навредливи коментари на републиканскиот кандидат кон жените, расте бројот на влијателни членови на партијата кои јавно ја повлекуваат поддршката за нивниот партиски колега.

    „Доста беше! Доналд Трамп не може да биде претседател. Тој мора да се повлече!“, изјави Кондолиза Рајс.

    И поранешниот републикански кандидат за претседател Џон Меккејн изјави дека „Коментарите на Трамп не даваат можност да продоллжи да му се дава дури и условена поддршка за неговата кандидатура“.

    Трамп изјави дека „шансите да се повлече се нула“, додавајќи дека добива „неверојатна поддршка“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира