МАКЕДОНЕЦ ВО МЕЛБУРН СИ ГО ЗАСТРЕЛАЛ ПРИЈАТЕЛОТ ПРИ ФАТАЛЕН САМОСЛИК

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Мелбурн,(МЕТА)

    МАКЕДОНЕЦ ВО МЕЛБУРН СИ ГО ЗАСТРЕЛАЛ ПРИЈАТЕЛОТ ПРИ ФАТАЛЕН САМОСЛИК

    Дваесетгодишен Македонец се соочува со 20-годишна затворска казна во Австралија, откако го застрелал својот пријател при еден фатален самослик.

    Мохамед Хасан правел самослик, кога Алберт Раповски му пукнал в лице со сачмарка во мотел во Мелбурн, соопшти вчера австралиската полиција. Македонецот Раповски се спогоди со обвинителството да одговара за убиство од небрежност и ја призна вината во суд во Мелбурн.

    Настанот се случил на почетокот на март годинава, а вчера почна судскиот процес во врска со случајот.

    Според документите изнесени пред судот, Раповски и неколкумина негови пријатели, меѓу кои и 22-годишниот Мохамед Хасан, на 5 март се собрале во соба на мотелот „Парксајд ин мотел“ каде донеле пушка – сачмарка и почнале да си играат со неа.

    Хасан, наводно, му кажал да Раповски да го испразни оружјето за да не застрела некого. Според полицијата, Македонецот ја отворил пушката, а еден од неговите пријатели од неа извадил два патрони.

    Раповски во еден момент ја вперил пушката во главата на Хасан додека тој се подготвувал да се слика себеси со мобилниот телефон. Македонецот го повлекол орозот и оружјето испукало директно во главата на неговиот пријател.

    Раповски, според полицискиот извештај, почнал да плаче и да вреска, викајќи „Го застрелав Мо, го застрелав Мо“, а потоа побегнал од хотелот.

    Телото на Хасан го открил сопственикот на мотелот. Следниот ден, Раповски се обидел да избега во Македонија. Тој на свој пријател, кој работел како туристички агент, му рекол дека мора итно да замине во Македонија за да ја види својата баба, која, наводно, била болна. Тој бил пресретнат од полицијата на аеродромот во Мелбурн на 6 март, каде е уапсен, а потоа и обвинет за убиство на својот пријател од средношколските денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари