МЕРИЛ СТРИП ГО ИСКРИТИКУВА ТРАМП И СТАНА КРАЛИЦА НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

1088
„Непочитувањето повикува на непочитување, насилство повикува на насилство. Кога моќните ја користат својата позиција за да ги потсмеваат другите, сите губиме“, рече Стрип за Трамп (Фото: АП)

Мјузиклот „Ла Ла ленд“ освои рекордни 7 Златни глобуси, меѓу кои и за најдобра комедија или мјузикл, за најдобра режија за Дамиен Казеле и за актерите Рајан Гослинг и Ема Стоун. „Месечина“ ја освои наградата за најдобра драма, а Изабел Ипер е најдобра актерка за „Таа“, Кејси Афлек најдобар актер за „Манчестер на море“. Најдобар странски филм е „Таа“ на Пол Верховен.

Мјузиклот „Ла Ла ленд“ освои рекордни 7 Златни глобуси, меѓу кои и за најдобра комедија или мјузикл, за најдобра режија за Дамиен Казеле и за актерите Рајан Гослинг и Ема Стоун (Фото: АП)
Мјузиклот „Ла Ла ленд“ освои рекордни 7 Златни глобуси, меѓу кои и за најдобра комедија или мјузикл, за најдобра режија за Дамиен Казеле и за актерите Рајан Гослинг и Ема Стоун (Фото: АП)

Мерил Стрип оддржа многу емотивен и остар говор на доделувањето на Златните глобуси, со кој што го критикуваше Доналд Трамп за имитирање на новинар со посебни потреби за време на претседателската кампања, велејќи дека “тој дава дозвола” на другите да го направат истото.

Актерката ја доби наградата Сесил Б. Демил и го искористи говорот за да зборува за она што го нарече “единствената изведба оваа година што ја зашеметила“, повикувајќи се на моментот кога Трамп го исмевал новинарот на „Њујорк тајмс“ Серги Ковалески.

“Имаше една изведба оваа година што ме зашемети.Ме погоди в срце “, рече Стрип. “Не поради тоа што беше добра, немаше ништо добро во неа, но беше ефикасна и си го направи своето. Тоа беше моментот кога лицето кое бара да седне на најпочитуваното седиште во нашата земја имитираше новинар со посебни потреби. Некого што ја нема моќта и капацитетот да му се возврати. Ми се скрши срцето кога го видов ова и јас сѐ уште не можам да го исфрлам од мојата глава, бидејќи тоа не беше филмска изведба, туку вистински живот.”

Пред шокираните ѕвезди на Златните Глобуси, таа продолжи да кажува дека активностите на Трамп го легитимизираат малтретирањето и дека тоа може да се прелее во секојдневниот живот на луѓето.

“Овој инстинкт на понижување, кога се моделира од некој од јавната платформа, се филтрира надолу во животот на секој човек, бидејќи на некој начин дозволува други луѓе да го прават истото. Непочитувањето повикува на непочитување, насилство повикува на насилство. Кога моќните ја користат својата позиција за да ги потсмеваат другите, сите губиме“, рече Стрип.

Таа, исто така, ги повика медиумите да бараат отчетност од власта и рече дека слободата на медиумите е потребна за луѓето да бидат заштитени,повеќе од било кога.

Трамп одговори на говорот на Стрип, велејќи дека “не е изненаден” дека е нападнат од “либерален филмски свет”. Тој изјави за „Њујорк тајмс“ дека негира оти му се потсмевал на Ковалески.

“Јас никогаш не сум се потсмевал на никого. Јас само се повикував на еден новинар кој се изнервира затоа што ја променил својата приказна. Луѓето постојано велат дека имам за цел да се потсмевам на попреченоста на репортерот, како Мерил Стрип и другите да можеле да ми ги прочитаат мислите, додека такво нешто не се случило“, рече Трамп.