МНОГУ МРТВИ ПРИ ПУКАЊЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО МИНХЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Минхен,(разниизвори)

    МНОГУ МРТВИ ПРИ ПУКАЊЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО МИНХЕН

    Во шопинг центар во Минхен се слушаат истрели од огнено оружје, а полицијата се наоѓа на лице место. Најмалку едно лице е загинато, а десетина се повредени јавува новинската агенција „Франс Прес“ повикувајќи се на извори од полицијата. Германските медиуми известуваат дека има најмалку 10-15 мртви.

    Деталите од инцидентот уште не се познати, полициската акција е во тек, а областа околу трговскиот центар Олимпија – Ајнкауфцентрум (ОЕЗ) е блокирана. Ова најголемиот трговски центар во Баварија.

    Вооружен маж трчал низ трговскиот центар и пукал на луѓето, по што тој наводно побегнал кон подземната железница, вели очевидец.

    Хеликоптери го надлетуваат трговскиот центар, а на работниците им е забрането да ги напуштат продавниците.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари