НЕМА ПОТВРДА ДАЛИ МЕЃУ ЖРТВИТЕ ВО МИНХЕН Е И ДЕВОЈКА ОД ГОСТИВАР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Минхен,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ПОТВРДА ДАЛИ МЕЃУ ЖРТВИТЕ ВО МИНХЕН Е И ДЕВОЈКА ОД ГОСТИВАР

    Нема официјална потврда дека меѓу жртвите во терористичкиот напад во трговскиот центар во Минхен има и девојка од Македонија, како што ноќеска после полноќ јавија косовските медиуми.

    Десет луѓе се мртви и 21 е повреден, од кои тројца во критична состојба, по синоќешното пукање во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен.

    Македонското Министерство за надворешни работи нема информации за загинати или повредени македонски државјани, иако косовската амбасадорка во САД Вљора Читаку на својот твитер профил објави дека меѓу жртвите е и Албанец од Македонија.

    За koha.net, сведок од местото на настанот кажа дека видела гостиварка како плаче за ќерка си, која работела во трговскиот центар.

    „Кога се отворија вратите, 10-мина припадници на специјалната полиција не претресуваа и потоа бевме евакуирани. Навистина беше хорор, сите плачеа, жена од Гостивар плачеше за ќерка си, која работи во центарот“, изјави Шкипе Мехмети за КТВ.

    Како сведоци кои зборуваа по телевизиите се појавија многу граѓани кои имаа албански презимиња, но медиумите не прецизираа од каде се.

    Македонското Министерство за надворешни работи на Македонија апелираше сите заинтересирани за безбедноста на своите блиски да го контактираат генералниот конзулат на Република Македонија во Минхен на мобилниот телефон: 00 49 1763 063 50 87.

    Ист телефон од синоќа отвори и косовскиот конзулат во Минхен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари